Акo ти личнo нaмaлиш сo негaтивнoсти мoже и ќе се крене прoцент нa пoзитивнoст зa кoјa збoриш Прoбaј.
@Herrera сите ние го правиме форумот ваков или онаков. Биди ни' и ти позитива, сигурно ќе се приклучи некој
Мојот избор @Lilit @referentka @JuLleE Сите од сектата Немам намера да објаснувам зошто, како... На листата ми беа и @bittersweet @Dust @zhap4e За трајни вредности, признание, некрунисана кралица што и да е @Bridget Откритие @FreeMind @Biljarkata Фала и кај вааас
Вака номинирам јас: @Herrera затоа што е непоправлив оптимист и да ми си останеш таква, да не те исквари лоша околинa @KateKane зошто е непоправлив борец против тие кои не прават ништо друго освен фрлање на таков сексистички и мизогин отров Обожавам да те читам, само продолжи така, ни требаат повеќе како тебе во оваа земја и суров свет, остра на јазик, а реална и праведна и борбена за женските права до срж @zhap4e затоа што е една моќна жаба, полна со емоции, искреност, топлина во душата, мекост во зборот, затоа штое е херој на годината, непопрвалив и силен жена- жаба- херој Има уште неколку кои би ги издвоила и номинирала ама мора 3, ова е мојата топ 3.
Овие па тажачките како било 2005та кога се бирало, цветале каранфили, сите се сакале и мир у свет им било награда. Секоја година било вака, секогаш некој спамирал, некој се лутел, трет правел 30 лажни профили, четврти дигал раце од форум. Едноставно во тоа лежи убавината на овој избор. Зашто ни ја зимате?
Па кога ќе искочат кандидатите, кој е овој кандидат првпат го гледам шо бара тука?, овие со пиперките муабети зашто вака онака, па оние со каките муабети, и овие што најмногу ме нервираат што не можат да се помираат дека изгубил нивниот кандидат па викаат крадено било, ама тоа е убавината на изборите мањо666, конечно некој да пише, да знаеш имаш од мене глас 2021 уште од сега резервиран. Мирни избори со многу љубов Спојлер Не е кажано ова со сарказам да знаеш. Иако изгледа така.
Јеееи. Пази што си кажал иначе ке го цитирам оваа мислење догодина само ако не си ме гласал, знаеш какви скандали ке направам, ке се памти и прерараскажува за навек. Иначе и ти ке си добредојден во мојата нова тема за која зборев вчера, може не си 30+ и неженет ама ке те приберам како хејтер на 40ка. И заедно со Камелија главни на штаб.
Јас не знам воопшто како се сеќаваат на такви работи. Што било на изборот за феминка на форумов во времето на ЈНА... мислам. Како да е многу битно.
Не сум за номинација , далеку од тоа , ете доволно ми е што си ме приметила на форумот иако не пишувам насекаде. Скроз ме стави во мисла , зарем цело време погрешно сфатено И ти погрешно си разбрала во што лежи убавината на изборот - не ќе да е во позитивноста , не било интересно да е се на мирен начин , барем така читам и ти се имаш согласено и лајкнато, затоа не барај позитивност. Во ред е, грешка си разбрала и ти ко мене. Ништо, џабе копав по теми да ми се разјасне како било оти не сум била тогаш присутна на форум, да прочитам , да научам. Ок, ја прифаќам критиката на @An-na , фала што на мене и на останатите кои погрешно сме сфатиле ни ги отвори очите. Епа сега батка полесно се дише , се разјасни што како во врска со изборот , па нема да има потреба од напнување посебно од моја страна.
Со оглед дека си член од 2012, стварно не знам кај си била Ама јас стварно немам намера да се замарам, мене па баш ми е забавно годинава
@Herrera јас пак мислам заслужена ти е номинацијата зошто зрачиш со непоправлив оптимизам, нема твое мислење што сум го прочитала да не ми измами насмевка на лице или длабоки емоции да ми предизвика како за кучето на комшијата. Искрена си независно како ќе те восприемат и вреди да се има повеќе личности како тебе околу секоја од нас, само ретки се, затоа ти велам да си останеш таква и само напред