На идивиди форумот , што е тоа чудно Не не, после критиката , се повлекувам, нема причина да мрчам кога не сум разбрала ко што треба. Да си приберам опаш и доста мрчев
Добро би било и некогаш да се номинираат и оние кои секојдневно објавуваат во темата Насмевка. Да, таму нема филозофии и тешки или радосни моменти од секојдневието, ама барем го разубавуваат со насмевка денот. @orhideea, @Bratot, @Blazenka.G, @BoyL, @Slatkata00, @CrazyGirl15 и многу други, кои ете сакаат да споделат насмевки со сите секојдневно. Поздрав дечки, само така продолжете
Абе Херерче, нема такво нешто како правилно и погрешно кога нема прецизно определени критериуми за избор воспоставени од форумот. Тоа значи дека сами си создаваме критериуми според кои ќе избереме и секако дека за нас тие се најправилните. А дури и да имаше од форумот определени, пак ќе имаше различни мислења едноставно затоа што сме различни луѓе кои секој на свој начин ги восприемаме реакциите на околината. Тоа не го прави ниту тоа на Ана поточно од моето, ниту моето поточно од нејзиното. Затоа секој ќе си гласа по свое и никој нема да се меша никому дека тоа што гласал за овој или оној или зошто воопшто не гласал е погрешно, туку кој како си милува нека си го искористи своето право за номинација и сите среќни ќе сме.
Не ми текнува која год. беше ама членката која поведи лом ја направија зошто имаше пишувано детали за пораѓај. Не сум го следела секој избор но караници имало, напаѓање, вреѓање. Не знам зошто толку замарање со тиа кој ќе биде изгласан на анонимен форум
Пролистајте бе, прочитајте ...ако некоја се најде на листа, да знае каде се кријат адутите Пошто сеа корона е главна фора, може да се употеби како адут, пошто може си израѓала па неможеш од бокс да правиш пренос. Сеа од корона трилер... ...имаш ,,ал сам болан ал ни сам,, (ден-два) ...па ќе закажуеш тест (сето тоа во живо) ...па како ти жбрцаат во нос. ...па како чекаш резултати и јадеш нокти до живец .... Има,има и други ситуации кои се интересни П.С. мал црн хумор на сметка на тековната зараза
@GirlRose @Emotional123 @CameliaMiller Немам коментар Ме фати малце така едно незгодно Едит: Вие пред мажот сте дознале уствари
Ама си кркна часовник ааа. Навистина не ми е јасно вреди ли брукање од поединци секоја година за еден часовник или таблет. Да беа некои пари у игра да сфатам, вака не. А и тврдам дека и членката тогаш не беше толку крива колку оние што ја поддржуваа. Впрочем така е и секоја година, мрчења и правење проблеми ретко имало од номинираните туку баш од оние неповикани кои мислат дека се од Бога дадени да бранат некого и да му доделат титула. Јака титула де...
А нуспојава на циркусите е што често квалитетни членови престануваат да пишуваат, мислам Трендафилка така ја снема. Дал его им е повредено или сфаќаат дека форумот им одзема доста време од реален живот, никад нечемо знати..