Тоа беше преседан. И ден денес не можам да сфатам како едно признание и награда од анонимен форум и' значеше повеќе од било што друго. Па нови профили се правеа, иако беше јасно нагласено дека нема да се прифаќаат гласовите од профилите регистрирани во тој период кога се одвиваше изборот. Криво ми е за Трендафилка, ама тоа е што е.
Има логика, а можда и едноставно веќе биле заситени и тој момент бил тригерот. Или може веќе не се пронаоѓаат во средината. Реално и јас сега да читам во темава дека некоја од бокс пишува постови на фемина, ќе се прашам што правам на форумов
Па да ти кажам, за тебе изненадена бев во најсериозна кога те ставаа Плус сите викаат многу буквалист сум била, само сарказам препознавам изгледа од хумор, си викам да не е нешто до мене
@Bridget & @DAngel ми се број 1 фаворити, now and forever . Maybe you don't even know me, ама јас да си кажам.
Ќе ја убедеше и лајв да прави, ако имаше лајвои во тоа време... Го познавам девојчето и во живо, не изгледаат кога ќе ги сретнеш на некоја минута толку опседнати.. значи која моќ имаат социјалните медиуми " опиум за народот" , ко нова религија
Немој да не чита из прикрајка Немој да мислиш дека на некое фенси место ја запознав, се најдовме на друг форум кој беше популарен некоја година пред тоа, па имаше средби на членки итд. итд Кога ке размислам, од тој форум тогаш потекна и антиваксер движењето во мк, за кое прво сите се смеевме, но инсепшнот се убаци во свеста.
Леле баш кога искочи темава од досада почнав да ги отварам и претходните и ја најдов таа од 2013, која драма беше тоа човече уште се сеќавам. Е сега не знам дали членката правела дупли профили и ако правела зошто не биле одземени на крај, али добро... Трендафилка мислам заради тој скандал си отиде.
Како бе не ви е интересна драмата Со Сноуквин темата беше хит, преку ноќ се зголемуваа ептен гласови, карања, она измеѓу контракции пишува, абе ле-ле возбуда до сам крај, сме чекале до 12 да видиме кој ќе прогласат на крај. Избориве нема да се тоа тоа ако нема некој драма момент
Се е ова заебанција и шала. Кој и да има најмногу гласови супер, само во реалноста колку тоа ќе им значи? За саат, парфем, машина, пари било што да се крева нервоза. Сериозност се знае каде треба да има, на кои теми, а на форумов ги има доста.
Пак ли плачете по трендафилка бе? Иначе, сноу не беше единствена „од бокс„ на форумов. Ехехеееее, еден куп мајки правеле лајв пренос, ама ете сноу ја запамтивте оти се погоди баш за избориве. ТоВа е... bad luck. Мене лично таа година ниту сноу ми се бендиса, а ниту трендафилка нешто не ја сакав. Еднава беше простодушна, ограничена, досадна членка, другава арогантна и самобендисана. Така што... Супер штом си решиле да си одат. Иако, имам чувство дека трендафилка е пак тука некаде