Не се заборава вакво нешто. Бригита мора да е контра, а сега ова што го предложи никако не е соодветно за неа.
Нема ништо сменето, уште мислам дека 20 се малку. Затоа оваа година, тие 20 што планираат да ги дадат + 40 или 50 што ќе се направат од подарокот наменет за изборот, ете ти добра бројка.
Зошто не е соодветно? 20 пакетчиња по 300ден, 6000 ден ќе отидат. Нека донираат 50+, нека потрошат 200, 300е. Лумеата, смарт часовникот и не се сеќавам што друго се подаруваше низ годините, не се 6000 јас колку што знам... Ај кога веќе сум тука, да кажам оти не номинирам. За гласање, шу знам, не знам...
Као и обично го извртуваш муабетот Колку што јас помнам најмногу се мрчеше заради фалењето од страна на форумскава администрација за нивното "големо дело". А за бројката од цели 20 пакетчиња не знам дали да се смеам или да плачам.
Нема да продолжам да коментирам не затоа што немам што да кажам туку поради тоа што ако продолжам ќе стаса муабетот каде не треба За пофалба е секој добар гест и секоја подадена рака
Јас нема да номинирам а најверојатно нема да ни да гласам. Владее 40ката на форумов, не дека имам нешто против некој од членовите, баш напротив мислам дека има таму многу квалитетни членки ама слабо ги сретнувам во другите теми.
Гласав за "младина". Гледам силно лобирање од таа тема 40ка, значи сигурно моиве нема ни да победат, ни па ќе се во листа на номинирани, но нема врска. Не ги тагнувам, ако случајно ми се најде некоја на номинирани, тогаш ќе кажам, битно си искористив право за номинации, првпат годинава, интересно, избори на фемина, не знаев ни дека има.
Годинава беше навистина тешка, па би било убаво да го задржиме позитивниот дух на темава и изборот. Може наместо навреди и препирки да ги издвоите оние кои за вас ја одбележале годината и темава да изобилува со убави зборови. Секоја година се дискутира за тоа кој како гласал, како треба да се гласа и по кои критериуми, но реалноста е дека секој на крајот гласа по сопствен критериум и затоа тоа нема смисла да се разглобува. Ајде сега малку да се пофалиме колку прекрасни членки имаме на нашиов форум без да го сметаме тоа за лигавење.
Јас ги номинирав: @JuLleE зашто е присутна во сите теми и зашто знае да ни измами насмевка. @Biljarkata зашто е освежување на форумот, активна е во корона темите кои се нај популарни и ја има насекаде. @zhap4e поради тоа што е реална, совесна и знае убаво да "залепи" одговор.Ми се допаѓаат нејзините ставови. Иначе, со сите три сум рчната. Драги членки имам еден куп, ама некои не излагаат од удобното 40ка катче и ретко учествуваат во дискусии.
И се е розево и убаво хо, хо, хо... Остај не да се искараме на раат бре. Ќе се наруши традицијата на теамва ако нема караници
Ти ме изненади со номинацијата,искрено Не очекував, ова рчнати е сосема нормална работа,подобро од циле миле