Луна еве лично ќе ти дадам мислење, кога се бира форумџика на годината по некоја логика треба да е некој што пишува и е активен на многу полиња во форумов. Сите сме во различни фази на животот нормално, ама тоа не не спречува да коментираме и во други теми. Пример не значи дека ако е мајка и околу 40ка само таму и е местото, форумов има многу теми. Мислам океј е и само таму да се пишува, ама за бирање на форумџика на годината сепак би било фер да бидат одбрани ликови кои сегде ги имаше. *инаку ништо лично кон тебе. -Едит: и да нагласам не значи дека ако некој член кој пишува само во неколку теми не е квалитетен член, ама според мои и на многумина други критериумот за форумџика на годината е она погоре што го опишав
Па и јас тоа викам, да има некој критериум па да пишуваат дека некој не го исполнил да, ама вака е безврска.
И ти олабави се, темава е отворена за коментари, инаку ќе беше заклучена и само ќе гласавме. Едит: Еве и јас за тебе имав пишано дека ретко те читав низ темите, ама не велам дека не ти е заслужено местото на листава, оти тие што те читале те гласале, со причина. Јас сум само една, форумов е голем. Затоа и секој ќе си каже различно, свое мислење.
Аман заман. Се шалиме и тоа сите. Зарем до толку сериозно сфќате? Да фатиме деловник, Закон...нешто да се донесе О ПУ ШТЕ НООО... СДК...која и да победи,заслужила. ...како и секогаш
По некоја логика да, по твоја или моја или на други. Ама таа логика и тоа правило не е напишано во изборов. Фер, не фер, тоа се наши лични мислења и џабе ќе се препиркаме.
Шо да пишувам на други теми, сум се изнапишувала до сеа...ехеее... А коментари дали е жална слика или не, битни е да видиме од кого доаѓа, па да видиме дали да го земеме предвид мислењето. Ако е така, лог аут опцијата е слободна за секого. На самиот старт кој предничи, така тера до крај, нема тука во 90 минута промени. Забавувајте се девојки, шо има да се мрчи. Доволно покакана беше годинава. Сите номинирани ми се во списокот. Лани и прехлани, по 1-2ца знаев...гласав на шашма.
абе све е тоа така. ама ако членката пишува секаде и случајно и у 40ка пишува-на клада треба да се стај. сфаќаш ? 40ка е трнот
Факт е дека изборов не е од годинава,ова е вака со години и секој си гласа како што кажа според негова лична логика и подлежи под субјективност, на некои ќе им одговара листата, на некои не, тоа е.
Од десетте на листа четири ги имам игнорирано затоа што сметам дека не се вредни ни одговор од моја страна. Тоа е моето мислење за листава
Секако дека 40ка ќе биде на листава, другите небитни. Ќе помине и ова, па ќе се скарате. Буба ветила сирење не дала, Бриџа го украла сето сирење. Кравата не дала млеко,трет е крив. Море кој не ве знае, ќе ве збори сите фини. Cheers
Доаѓам. Читам и таму, да ви кажам ЃОА децата да си ги читам...колку вас се Ама ми е незгодно да се мешам
Интересно е што сите ја читаат 40ка, а плачат. Знаат све у неа. Да беше наградава со тестирање што теми се разглабале у 40ка и која феминка wasntme сака свекрва, ќе победеа тие што не пишуваат во 40ка.
Ама Лики.. Кој сопрел да не пишат таму?! Таму ни е "собиралиште".. И за деца, и за слабеење сме збореле и за хистерии и за ашваганда и за каки и за кучиња...значи не е некоја ТЕМАТСКА ТЕМА. Пиеме кафе и си лафиме...
Ти да поднесеш приговор, на пола избори те пуштија, до пола не те пуштаа, полн бил кафичот демек Е шо сега пак за свекрвите, Бриџит не се изјаснила на таа тема Може ли еден глас сега, другите после?
Испод ЧАСТ им е. Дај нешто суштинско - козметичка рутина. За чеиз ќе ми збореле... Шала на страна, стравот од дали ќе ме прифатат е присутен...нормално. Порано имав елан да пишувам секаде. А и младалачки порив да се искажам, сега? Наах... Ќе им "квакне" гзот, ќе дојдат, што се секираш.