Верувам дека напишаново беше упатено до мене, па еве да одговорам. Има катчиња речиси за секој да се пронајде на форумов, а има и такви во кои пишуваат различни генерации. Впечатокот (значи мој личен впечаток, кој не значи дека е апсолутно точен за сите) е дека тебе не сум те забележала во тие теми за сите генерации, па оттаму не би те гласала. Напишаното беше зошто би/не би гласала некој. Не беше ниту дека тој член не вреди, ниту било каква друга навреда упатена. А колку што сум запознаена, со години наназад темава токму затоа стои отворена и за време на номинации, и за време на гласањето т.е. за да пишеме зошто, дали, кого ќе/нема да номинираме/гласаме. Не се чувствувам одговорно за да се извинам, зошто знам што кажав. Ако ви се вади од контекст и понатаму, слободно. Јас тука завршувам со преписката.
40-ка ја читам пошо има членови кои се многу квалитетни и сакам да ги читам, а не пишуваат во други теми. Потоа, за било каква информација, во 40-ка ќе добиеш инфо (а ова е пропаст за форумов, ама што знам јас) И трето, оти всушност јас на почетокот и пишував во 40-ка, ама ете не се пронајдов во правецот кој го фати. И токму заради тоа и не пишувам таму. И листава е реална, да не ме разберете погрешно, оти 40-ка е форумов, што е жално. Можеби @RainBow треба да размисли и да го ребрендира форумов во „ Фемина 40-ка„? И само една тема да има?
Не номинирате, па после 40ка ви е крива. Све е субјективно, сигурно нема да гласам за некој што го има сегде, ако ми е антипатичен, како што и некои нема да гласаат за некој само зашто е од 40ка Рилекс, џизс, реков јас уште од старт низ нос ќе му ја извадите на некој победата Спојлер гласајте за димон.
Станува интересно. Вадете машинките за пуканки Драма се бара Цела година на секоја тема драма се прави, дојде форумџика,никаде ве нема. Едвај две -три се јавија Кај се оние од свекрви...снаи...золви и јатеви . .оние од делби на имот..од брачни и љубовни проГлеми ..или си ги решиФте, па сеа не ви е интересно П.С....јас не сум од 40ка...од снаи и свекрви сум..во улога на лошата
Не верувам дека ќе има многу драма. 90% од форумов кај вас е Оние другине како мене што се препелкаат се уште, ќе си легнат на брашното и ќе ви се придружат, како што рече еднависокопочитуваначленка ОсвеМ ако не излезат на површина приватните пораки, па меѓу себе очи да си извадите и братство и јединство ќе ви пропадне
Не си во тек, сега е стигнато дотаму да се знаеме веќе кој за кого и како збори по лп, ама, за разлика од порано, веќе никој не се замара и лути. Пошто ваљда напамет се знаеме и јасно ни е се' За млади и неискусни тоа делува шокантно, како така може некој да функционира Па нели светот треба да е розов и убав и сончев. За нас (лисици) во години...мех. Шомиегајле. Да си кажам што баник сум замесила па за другото боли ме...
Шта речи ако списокот горе ти изгледа жален. Да, да , секој има право на свое мислење енд ол, ама мора ли да се пљуцне-бљуцне стално? Реторичко е, јасно дека мора
Мислам дека таа "тетористичка група" портатки, више е разбиена. Сеа сме у хармонија и добробит и ќе те молам без вакви инсинуации. (Ова у очи празници, јас така сакам да верувам, а дали така е, не знам ) Ај сеа глеаш шо праиш, "како што рече еднависокопочитувана членка". КОЈА? Чуму пасивна агресија? Кажи го па шо сака нека е.
Од моите номинирани само една има на листа. Гласовите ми одат кај @CameliaMiller @prominent @theowndemon. Со среќа девојки. Инаку да, 40ка доминира, како и секоја друга година, чудо невидено. Општо познато е дека нема да победи некој кој ја нема 40ка зад себе, просто тоа е гласачкото тело на форумов, нема љутки. Затоа оваа година конечно имам надеж за мојот фаворит. Ми фали @KateKane, ама кажа дека не сака да учествува и тоа го почитувам и разбирам, па не ја номинирав. Евентуално и @Bridget да победи нема да се жалам, уникатен профил на личност има. Би било иконично да избереме некој што ги има исхејтано сите по ред. Среќно гласање.
Се знаеме Кој кажува, едно време жива ја немаше во 40ка, бојкотот и беше на најјако, збореше што треба и што не треба за членовите таму... Сега, се знаеме та се знаеме Ех, сончогледи да беа немаше вака да се вртат наваму-натаму, ама Љуѓе шо можат...
Тужно ли е што мислам дека не сум ни толку релевантна да ме оговараат по пп? Не ми ги вадите пораките, сите дијагнози ми се таму
Ако ја избркаш пак да си оди, по гол гз има да те тепам тука пред сите. *пред да ме банирате за ширење насилство и закани, ова е заебанција!!!*
лЛелелеееееее ќе снесам, конечно некој што сум номинирала е на листата @Bridget шо убо красиш, е вака ми се свиѓа , добро е, значи Калимеро имало правдина и те ставиле на листа Немам замерка , се е топ, киссче Ќе гласам последниот ден, има време. Ееее значи фала Богу , аман заман конечно некој од мојот клан на мрчала. О шуќур
Понекогаш кога зборам за некој, се ставам и јас во група за да не излезе навредливо, туку, еве, и за себе си зборам Не се секирај, не ви се придружувам. Иако, да, се знаеме, без разлика колку пишувам во таа тема.