Спие Каме, аха, ама тие од Пустец не спијат. Стално само за нив збори, и лани, и годинава, ама не ми беше јасно се до сега
Вие јадете банани, Камелија гази. Се моли Реин ништо да не брише. Кампања е. И плачки и прачки се дозволени. Изгледа само јас искористив еден глас)))
И како е, само еднаш имаш право на гласање? Не може денес еден, утре друг? Озбилно прашувам. Чекај, а може три гласа за еден член? Ништо не разбирам, не сум гласала од минатиот милиениум, аматер
Ако прочита, ваљда запримети дека за обожавателите ми беше мрчењето. Морав да ретерирам од игнор за да ти одговорам директно, на памет не ми паѓа со просветителство да се бавам. Секако дека знаеш каква си, не се сомневам ни момент за тоа. Не ми смета мене твојот психолошки склоп, ако не ми е 24/7 во близина, нит па мислам дека си 'ворст оф'. Само немам искрено енергија во последно време да враќам на неизнудени зајадувања и jabs, затоа мојот избор беше да го игнорирам твоето дело . God speed.
Па искрено јас заради вакви драми од старт се откажав. Лани ич не ми беше убаво тоа што сум под лупа, секој да ми коментира за тоа каква сум, да ме нарекува со секакви имиња, да кажува како и што требало. Еве една година подоцна уште ги памтам некои коментари. Да глумам зен и да лажам дека не допрело до мене немам намера. Секоја чест на тие имуни што останувате на ниски коментари, teach me how. Имам дебела кожа, ама сепак лани ептен грдо се осетив на моменти. Е сеа годинава дадов отказ во Март, имав смрт на човек од поблиското семејство, корона во фамилијата и уште еден куп други пропратни секирации и стварно немав расположение да учествувам во нешто од кое знам дека само ќе се нервирам. А и искрена да бидам не сум ни толку passionate за ова, во теми за феминизам, расизам, човекови права можам за гуша да се фатам со некој, за тука ја немам таа страст. Да не звучам ко мис свет, ќе кажам само дека сите сте победници годинава што сте ја издржале, не е лесно да преживееш карантин и секојдневен страв од невидлив непријател кој сите не поремети. На сите номинирани им посакувам среќа, а вие останатите, припазувајте малце со коментарите. Сепак номинираните се луѓе, а не punching bags да си искажувате секакви незадоволства. Уште еднаш, среќно.
Ме купи уште кај зборот кампања. Вака сега, 40ка ни е како Калифорнија во Сад на гласање(да ги гледав изборите во Сад и се напалив), носат сигурни 55 поена за плавите секогаш и Трамп не се ни мачи таму кампања да води. Нас ни се битни СКД, ФМЌ и МКД таму ќе инвестираш постови, некоја слика со кучиња мачиња, доста си креативна членка, верувам во тебе, make it happen, у случај да е тесно ќе идеме во сексуљавите теми да ги собереме мањаците да гласаат. Иако си у минус 13 гласа, не е проблем. Еве еден глас уште одма ќе собереме. Откако те банираа во 40ка почнаа да зборат за сексуљави работи, само кога си таму не зборат. Знаеш кој никогаш не би ти го направил тоа?. Демонка. Гласај!
Можеш еднаш да гласаш, за 3 опции. Ако веќе си гласала, биди жива и здрава, не може утре пак да догласаш.
Мислев ќе ти го цитирам ова на задњи ден, а не неколку часа подоцна. Сложно велиш Ц како ја предадовте Јуле бреј, бандо криминална Порано темиве се полнеа со оваа ја гласав многу ја сакам, оваа вака, оваа онака, дури незгодно да те фати ако те има, се црвенееш. Сега да молиш бога да не те номинираат
Божее, колку ниска кампања за толку висока членка. Мислам, не знам колку е висока, ама обратно од ниска кампања де. @theowndemon да го отпуштиш овој шеф на штаб, земај ја Кате на пример.
Не е стресно ма, забавно е. Дури не стане грдо, а мислам нема да стане грдо. Одам сега на планина, имајте убав изборен ден Чувај го третиот за крај @kravce . Тек прв ден сме