Не се согласувам дека од 40ка не сме активни во други теми. Од готвење, книги, фотографирање, политика, корона, бебиња, животни... сегде не' има. Сигурно и по други теми де Во однос на подарокот, Лумеа никогаш не била подарок за форумџика на годината, имаше телефон, таблет, часовник, а и форумџики кои своите награди ги подарија. Според мене, така треба да е и сега, не е лоша идејата за подарување, но нека е нејзин изборот. А фемина како фирма, може да подари доколку сака, што сака и колку сака.
Секако со чест на исклучоци, еве тебе те имам читано низ многу теми и си една од членките што ги сакам, ама голем дел од 40ката си седат во тој круг, и да не се лажеме повеќето се и приватно поврзани, па има по теми лобирања и што не.
Ја не се зачленив за 40ка, туку за бременост и таму бев најчеста у 2016 та, се пронајдов у 40ка и останав, ама богами ме има и на други теми . И ја не се слагам искрено со погорепишаното.
Јас не номинирав никого... затоа што самиот наслов "Форумџика на годината" , обврзува гласот да се даде за женски член на форумот.
Добро, Лумеа не бил. Ете мој лапсус. И да не бил, пак другите подароци се повредносни од 20 пакетчиња. Како и да е, што сакаат нека прават. Ни ми даваат, ни им давам, па не ме ни занима многу искрено.
Дел да, нивно право, ама повеќето ги среќавам и во други теми. Сепак според број на мислења, има и такви што никаде не ги среќавам, затоа што очигледно пишуваат во теми што не ги читам. "кампањата" на Јуле јавно ја тераме, не зезај
Абе и пакетчиња да се даваат, ќе се најде пак некој да мрчи. Уште од прва страна да му здосади на човек да го кандидираат, тек па да го изгласаат. Многу озбилно бизнисов го сфаќате Рилекс, итс џаст фор фан Ајде малце позабавно, и така ни е стужено све периодов