Од збор до збор се согласувам. Јас веќе не се сеќавам што точно се пишуваше за нас што бевме лани номинирани ама вистина како да си на тапет и сите одеднаш си земаат за право да те коментираат каков си, па зошто не требало да те има или зошто те имало без да размислат дека сите сме луѓе со емоции и не е пријатно да читаш се и сешто за себе само зошто те ставиле на листа номинирани. За што? За таблетче, саатче, парфемче или што и да е очи копање? Искрено некои коментари се прениски. И да, тоа негативно коментирање за номинираните членки. Ко да сами се наместиле на листата, ги номинирале повеќе членови и затоа се таму. Сите си имаат оставено некој одреден впечаток и затоа се и на листата и ги избрало мнозинството. Од сите номинирани годинава фаворит ми е @CameliaMiller, дискутира смирено, често ја читам во многу дискусии и мислам дека годинава е нејзина и треба да е форумџика на форумот. Но, сите останати се исто така интересни и впечатливи членки што годинава оставија некаков белег на форумот и затоа се и на листата. Среќно на сите, а ви посакувам и челични нерви зошто се и сешто ќе се изначитате деновиве.
Јас се сеќавам дека лани на демонка и' заебаа 69 гласа у последна минута се уби од молење девојчето, џабе
Билјарче,@Biljarkata која те сомничат дека си, билко немултиплицирана? Знаеш ли ти уствари која си, м? Јас те гласав, била андер кавер ил не била, во потрагата по пресветиот грал "феминка 2020". Вие што презирате трачање- трачате ко и сите други, не знам дали приметувате по малку.
Годинава дечки алал да ви е, допревте ново дно. Таман човек ќе си рече оваа година најниско паднавте, ете ја новата година да се докаже дека може и пониско. Он да трутх, листата си е арна, вие не чините. Како и секоја година, оваа тема како и другата за форумџиките, служат за колективни предновогодишни поздрави и честитки. Да си се испоздравиме со драгите ни ликови што цела година ни врвел муабетот, и нормално, ги има и оние што ќе го искористат моментот за да ги исплукаат сопствените фрустрации, завиено, суптилно, точно да се знае на кого се однесува, а при тоа да не спомнат никој. И еден дел, што ќе се превозбуди и исклања, на таквата "креативност". Ох уелл.. Симптоматично е колку често се спомнуваат "приватни пораки", значи да би знаеле за некакви пораки и оговарања, би требало и да учествувате во истите, иначе како би знаеле нели? Епа шо се сменило во меѓувреме? Реторичко е. Никој до сега не ми пратил порака со оговарачка содржина, порфавор така и да си продолжите. Дечки, смирете страсти. Иц крисмас тајм. Гласав за Јуле, Каме и лец мејк Битола грејт аген, Демон. Среќно девојки. Малце ми е криво за ветената даска од дангел, сеа морам сама со скршен прст да пржам. Ам то е. Адио & Фелиз Навидад.
Јас па мислам дека сите што пишувате опширни постови за тоа колку се допрело дното и колку се вреѓа, придонесувате за поголема негативност на темава. Без замерка, знам дека не е намерно. Нормално е да има ликови на кои нема да им се свиѓа листава и ќе кажат критика, две или три. Имаат право на мислење пошто се дел од форумот и нека си кажат што им смета. Ако е претерано нека се банира, за останатото, јасно ни е отприлика зошто некоја кажала тоа што кажала, се читаме која со која (не) се обожава и што сака да чита и ок, стави лајк или игнорирај па ќе се изгуби како небитно низ постовите. Нема потреба да се драми заради неколку постови и да се фрла црна дамка на изборот
Ќути ма, нека си остане тука Алпското, со тебе за нешто друго ќе се договориме од Словенија @CameliaMiller Е Каме, ти со крстот на чело си кажа за славите, и сега уште години ќе ти плескаат во лице. Море и кога ќе си отидеш од форумов ќе викаат: Ви текнува на Камелија шо мрсеше на посни слави... Ако изгубиш во последна минута, е ради ова ќе биде @kravce повикувам на обединување, да не зафаќаме страни. Од тебе очекував повеќе
И мене исто ме критикуваа кога бев на листата. Две години со ред. Па не плачев.. напротив.. се смеев. Оди прочитај.
Широксокак Едит: Иначе баш сум задоволен од добиената позиција . @JuLleE уште да се изјасни која позиција би ми ја доделила, па да се одлучам кај кого ќе ги праќаме гласачите