Ја разоткрив. Како бре можеше да не ми текне дека картата 'жртва' пали секогаш и секаде? Ете ја во вторникот Демек шанса нема да ја номинираат, не да ја гласаат. Нудете вие плазми, море и бубрези понудете ако сакате, ама ваа којзнае кај квичЕ, па ој стигни ја во гласови. Ееее јас ли бе. На буткање палам, ама битно палам
Од време на време отварам да видам до каде дошле резултатите Баш интересно Бриџа ваква онаква, ама добро котира Камелија водЕ. Теснооо
@fana Абе само што сакав да кликнам "испрати" на мислењето ми стигна нотификација дека некој коментирал на темата, и гледам @DAngel - истото.
Еве веќе реков на мим сабајле без млеко кафето, а наместо кремсир мармалад да ми мачка на суво лепче без путерче. Само ми простете
Реално не сум по овие гласања/избори. Но да бидеме искрени 2020 беше брутална година, која буквално ни сврте по една шлаканица на сите и не смести дома. Од таму каде што излеговме де. Не е оваа година за фина форумџика. Дефинитивно најрепрезентативен матрејал за 2020 е Бриџит.
Мене па баш спротивно ми е мислењето, баш фини и емпатични луѓе треба да бидат репрезент за 2020 на кој било избор од ваков калибар, истата требаше да нè научи како сите (добро, не баш сите, ама барем на форумов секако нема примероци од тој привилегиран селебрити ранг) сме во иста каша, како треба да имаш барем основен обѕир дека секој со кого влегуваш во дискусија (посебно непознати и онлајн) не знаеш низ што може да поминува лично, дека „плескање вистини во лице“ и „брутална искреност“ по секоја цена не се сè во животот и највисока вредност Не велам за Бриџит конкретно, скоро и да не сум ја сретнала годинава во темите на кои навраќам и не држам одамна веќе негативни сентименти за никого овде, ами општо се надоврзувам на пишаното. Извинете за малку посериозното и длабоко мислење, продолжете си сега
Сега кога стивнаа коментарите, да направиме уште еден пресек. Пред 00:00 CameliaMiller ја задржува првата позиција со 91 глас. theowndemon се приближува со 9 гласа помалку (80). На третата позиција се искачува Bridget со 72 гласа. Понатаму JuLleE со 71, Bubce38 со 64, Mantub со 57, LunaGrey и prominent имаат 48 гласа, Lilit 44 и Biljarkata 42. Првиот ден од гласањето помина релативно мирно, имаше мал број негативни коментари кои предизвикаа вознемиреност, но сега се' е во ред и гласањето продолжува во мирна атмосфера.