Се радувам на секое твое појавување,се израдував кога видов дека си пишала,ама искрено ме изненади Искрено ретко ме има,толку ми дозволува времето,многу ми е мило што сум ти оставила впечаток,особено зошто исто си ми драга. Форумив не би бил ист без @lunicka @danichap @Bridget До крај можеби и сепак ќе номинирам(ама карактер) Да можев барем 10 да номинирам Ми се допадна Јуле која кажа дека нема да го донира подарокот Оваа година највеќе ме насмеа
Не и се лижете на Бриџа бе, не дава она пакетчиња. Или дава? @JuLleE ќе ти пратам у лп да видиш дека сум те гласала, чисто како сите така и јас покуса да не останам
Пишав дека 40ката сте како клан, и ете ми дојдовте да ми кажете дека не сте такви Шала на страна, 10 години сум на форумов, сум ја читала 40ка и ќе читкам и понатаму, само си искажав мислење. Со среќа на сите
Еве бе мачко тука е. @sweet-cherry примаме ние у кланот де. Не сме лошки. @ALISA0000 мислам дека заслужува, делиме богами мн заедничко, само она е мн подлабоко навлезена и и се восхитувам па сакам да има шанса за борба. Исто и @CameliaMiller зашто е ЕПТЕНСКИ другарка со огромно срце.
Сега за сега не номинирам али ке биде Ја најискрено се изненадив коа се прочитав мислев дека сум неприметлива и неинтересна Мило ми е што ете некој ме приметил
@prominent Спојлер: Штттт ќе навивам за тебе @CameliaMiller @JuLleE Многу се двоумев , има уште добри феминки ,нијанси беа во прашање ,штета што не е поголем изборот на номинации ,не значи дека другите се помалку вредни , сепак морав да ги издвојам трите Гуд лак евриван
Леле леле, да не глумам скромност, ама ајде појако,номинирајте ме, гласајте ме Нема пакетчиња,сори,банкрот сум годинава, ни антитела имам, е ако сакате некоја Спогодба за развод,некоја тужбичка Ама да ме гласате Ова е поскапо и од пакетчиња
@LadyC , а да ми оставиш домашна адреса да ти пратам по DHL новогодишен пакет некој сервис плус нешто ситно за здраво живо ? Абеееееееее ме преплави со лајкови скроз изненадуваш, ме остави без коментар Ај да ти вратам на лајкови оти нема смисла и остај адреса
@Herrera аааам ме збуни. Сме се карале некаде? Оти не те памтам, извини, а не дека нешто што читам у моментов да ми остави лош впечаток. Пакетче може да, Милка за син ми веќе ако се трошиш.
@FreeMind оти ја обожавам. Освен тоа оти има некоја енергија, харизма и речник кој буквално ќе те кутне на земја . @Kaetana оти е уникатна, посебна, секогаш тука за совети и да помогне. Третово не знам уште
@Lilit , покрај другите добри впечатоци, најмногу се најде на листава по морска линија @prominent оти ми има оставено навистина добар впечаток буквално на секоја тема, а и сака лето и море @JuLleE највеќе поради нејзиниот хумор. И љубовта кон море де, ок @CameliaMiller ми фали на листава, ама исполнет е капацитетот Да знаеш дека да можев да номинирам повеќе, ти ќе беше следната
Ќе пишам да не ме цитирате.И да ме цитирате,џабе ќе ви е,нема да вратам. Мислење ќе пишам. Добра идеја е да се израдуваат неколку деца,ама не со пакетчиња. Годинава се покажа како тежок предизвик.Покорисно би било да се подарат на деца од ранливите категории облека,храна и производи за хигиена или уреди.Или пари на болно дете или болен возрасен.Дете ќе го изеде пакетчето за 3 или 5 дена,нема корист. За номинацииве... Нема да номинирам никого.Ќе ја чекам листата,па ќе видам дали ќе гласам. Смета што премногу се лобира за 40-та.Мал дел од нив се активни во повеќе теми и секоја им чест што се наоѓаат со одлични совети. Ама,не би било фер на листата да се најдат некои кои пишуваат само во неколку теми,кои дремат само во 5 теми од кои 3 се мајчинските,ни членки кои премногу навредуваат.Да се објаснам,немам ништо против мајките.Само слабо активен член не заслужува ни номинација,ни победа. @RainBow Добро би било администраторите ова да го земат в предвид.
Абе ти ме збуни мене скроз од што не се дружиме јас и ти на форум, а ме бомбардираш со лајкови, си велам, готово , сигурно си ме помешала со друга форумџика. Баш ко што велиш ти не ме читаш, јас те немам приметено, манијачам други мафија членки и ти ме остави скроз без коментар. За карање се имам карано само со една членка со која не се трпиме оти она е нон стоп нервозна и ми реплицира без јас да ја повикам. и озбилно остави адреса , туку не едно, треба и за двете деца де , не ќе ги делиме
Знаеш тебе од кај те знам ? Ми текна. Од квизовите. Не ми текна од одма , нов аватар имаш. Ама немам потреба некоја членка да ја знам за да ја лајкнам. Ме замисли сега П.с. како пишете така лајкам ако ми е ок коментарот. Ич не ми е гајле која од која тема доаѓа. П.с. ме знаеш изгледа и ти чим знаеш колку деца иам а?
Јас годинава сакав @KateKane да ја номинирам, најголем впечаток ми остави, баш ми е криво што годинава така се погоди. Речиси со сите ставови и мислења нејзини се согласувам. Инаку, колку само се огласивте дека не номинирате и ќе чекате листа, па после се чудите на листата. Зошто тогаш не номинирате?
Нит номинирам, нит се чудам на листата нит ми е малку битно у животот која ке биде феминка на годината. Ке гласам чисто од забава, ништо друго. И да ги нема овие кои мислев да ги гласам не е крај на свет. Сите што преозбилно го сфаќаат ова нека се преиспитаат малце. И која е логиката да наметнувате подмолно дека таа што ке победи треба да го донира подарокот. Глупости! Ке донира часовник или депилатор демек на некој друг му се од животна важност. Ако сте толку хумани не чекајте она да ја донира наградата туку тркнете до маркет наполнете една кеса и донирајте околу на луѓе на кои им треба.