Чек да се спријателам со некој од раководството, ќе ја гледате Камелија со мотото на бекраунд на форумов И тоа крадено ќе испадне мме, Битолско млекце веќе беше
Секоја година отприлика се знае кој ќе победи..има јако водство. Оваа година гласовите се распоредени. Јас уште не сум гласала Следам ситуација
Јас од моментов па натаму, оставам кампањата да ми ја водат најекстра ПР што постои на форумов Се читаме на 30ти
Може и Демонка ќе скокне 50 гласа преку ноќ..... може ќе се смилуваат овие што се од групата "јас чекам да дадам глас у последен момент да било интересно".... и ќе свртат кај демонка некое гласче. Се прашувам ако следна година сите 10 кандидати имаат ист број гласови дали на сите ќе треба фемина да им поклони нешто?
Срцево ќе ми пукне за Димн, еве отворено си кажувам Пробав да ургирам за гласови демонке, немој да мислиш дека не ама јок ништо ме игнорираат.. Викаат слаб бил поткупот. Ај може се чуваат за у 90та минута си се тешам да направат интересно, гледаш се будиме сабајлето и демон 69+ гласа
Без тебе во кампања... не знам. Ти си лицето на кампањата, ќе те пратиме на одмор наа... 28.12, на предизборен молк. До тогаш, ве молиме останете во програма. Студио!?
Не сам знајал најсеријално Одамна напуштив +-40, како и други членови, не дека нешто имам против +-40, ама кога почнаа со бришење коментари, нова тема, забрани за реплицирање бла бла... Досадно ми стана таму, а баш сум на златна граница +-40
Сепак испадна по мое Така си личи на избори, мирно, спокојно , без нервози , абе исто како што пишав, позитивна атмосфера како на изборите за форумџика за 2017 И така и бидна. Сега за сега е супер, нема карања , баш како што ве критикував на почеток. Пу пу да не ви се уроци мирни едни
Мир не е нормален за темава Одам до Пустец да обезбедам јас гласачи, та вие тука чекате некој нормален да гласа...
Ла ла ла ла Нема да те слушаат тебе, види мене како одма ме слушаат, се си тече мирно, мува да прелета ќе се слушне Немам ама баш ништо против дали си коментирате од ваше друштво или не , се додека сте мирни Шшшшшшш , сите спијат , а ние сме сами
И раководството е од Битола Шала на страна, се извинувам што малце ја опседнавме темава, да се уозбилиме малце пред да завршат избориве Од моите номинирани три, само Алишан не е во листата, па така гласовите ќе ги дадам за демонка и Јуле како што првично и ги номинирав. Сакав и третиот глас некому да го дадам ама искрено не можам да се одлучам. Со Бубче мислам до пред некое време имавме така некоја дистанца, би рекла несфатени дека бевме една со друга, сега искрено и се воодушевувам. И не, нема врска тоа со тоа што ми помогна со една дијагноза за која од срце и благодарам. Свенародски човек е Буба, и јасно ми е зошто луѓе ја гласаат. И јас би ја гласала, ама ете, нов човек нека биде годинава. Камелија е исто свенародски човек, ќе се искараш и ќе те испогушка, не носи лоши емоции во себе, одма расчистува и продолжува. Бриџа ми е исто свенародски човек, со сите знае да биде лоша Бриџа ми е многу интересна за читање и има таков хумор што го обожавам. Биља се уште ми е малце несфатена понекогаш кога ја читам пробувам да протумачам и се осеќам малце глупа и за Мантуб и Луна немам многу информации, освен дека се животољупци и вегетаријанци, а кој нејќе животољупци, па макар и мачките да не им се толку симпатични Проминент ја имам запамтено по љубовните приказни, и ми има така цела љубовна слика оставено од себе, си ја замислувам како многу нежна душа. Лилит е класика, и легенда. Со право често се наоѓа номинирана. Ќе ја гласав, ама ете не ми требаат антитела Секој номиниран заслужено е на листата. Оставил впечаток, запаметен е, и вреди да победи. Еве демонка трета година е по ред номинирана, мислевме трета среќа... ама добро. Очигледно некој повеќе заслужува да победи од другите, само толку знаете и вие Се зезам фемина нека даде пакетчиња за сите. И така годинава беше за никаде. Останете расположени и гласајте Спојлер за theowndemon