Каме држ се јуначки бејб ! Димон лимон , Бриџа и Буба е видено. Дајте нешто младо, свежо, искуствено короносана и пуна антитела. Каме ви е како свежо донесено пиле у Веро за кое зимате бројче и чекате ред 2 саати. Како оаза у сред пустина ... Како 7мица на лото Како еври деј со 8 капки за вечерно упивање... Сакам да кажам уствари дека е НАЈБОЉА.
Морам да признаам, ова најдобро ме опиша. Што храна упив сега, и со 8 ќе протече мислам Не си арна ма, следно со Фана треба да се борам за шеф на приумрените
Ќе се затепаме со @Bubce38 па на крај ќе мерат која поеќе коса искубала на другата, и така ќе одлучат која е посилна и нормално, вредна за крунисување.
Нема три членови со дупли акаунти да гласаат за @CameliaMiller ? Или некој летечи, поточно 3ца, да се убацат и да гласат? @theowndemon тебе втора година не може да те изгласаме на врвот. Стварно не разбирам како номинираат и гласаат членовите, ама не сите на листата форумџии ја одбележале годината. Напротив, некои во повеќе од 5 теми не напишале мислење. Каков потенцијал сте виделе кај нив? И после каде се квалитетните членови... На други форуми.
Абе сВе ова фино што мислиш за мене, жими мене стварно Ама немој така за другите, затоа што нема критериуми, кој ти се бендисва - тој. Да сакаат построги правила ќе направат, ова шефовиве не сакаат така, боље е со бич фајтови. Ама годинава њамааа, умни сме, така и ќе бидеме до крај. Барем мој штаб, ние миротворци сме. Ова другиве не знам, малце диви се.
Драма? Не е ова драма млада дамо. Тука се решава цела наредна година на Фемина. Во кој правец ќе оди? Ќе јадеме даски, пиеме млеко? Ќе прошириме граници или ние стари чистокрвни СКОПјАНИ ќе бидеме окупирани од племето битолско? Ќе дозволиме со мармалад ли да не' поткупат? Каква несериозност е ова?
Јас никако за другите, треп треп . Прашав каков потенцијал виделе тие што номинирале членови кои не се изјасниле на повеќе од 5 теми, на база на што ги номинирале и гласале? Просто ме интересира... многу...
Ама не е тоа тајна, ќе ти кажат и сами. Им се допаѓаат, едноставно. Буба е многу активна во вештачко, од таму и највеќе ја гласаат што е нормално, не ќе ме гласаат мене кога не ме ни прочитале нели? Мантуб, Биљарка, Бриџа сегде ги има. Последнава за да издрапа некој најчесто, ама ја има де. Луна и Проминент сигурно ги има негде кај што ние не читаме... Проми не е прв пат на список а јас девојката стварно ја немам заприметено да имам некаков посебен впечаток, очигледно пишува во теми во кои јас не читам. Мислењата во кафе муабети не се бројат, а сите сме со висок број на мислења, што значи пишуваме некаде
Ама така де, тоа ми е целата поента. И затоа долгодишни члнови снемува на фроумот. Објективност во минус, не нула.
Не прогласувам ништо, само не сакам кога сум у толпата на лузери, особено кога не е правилен изборот. Инаку, гласај за Камелија. И Димн. И ти беше мојата трета опција од листава. Ова кажано во поверение.