@NarCis@ @Annath Истури вода на ламинатон, а бос, јас како да сум проста а? Ќе се лизне па ќе ми бара оштета за повреда на работно место Нарцисо ти сакаш да гласам за тебе, или трошок да ми направиш? Гласот за Нарциса е глас и за @M&M нека понуди и она нешто
Шо убаво вака шокови од сабајле. Па биваше ли против сите луѓе што ми се мили да ме ставите бре А јас у долгови ќе влезам ако @Bridget не тепа, кредит ќе треба да дигнам да ги исплатам кладбите Бриџо бери памет, што знаеш праи, земај ко бога те молим Барем да идев против некои што ги неќам, ме акнале со сите најкул ликови на форумов.
Кога ја видов листава, го доживеав моментов: Кој знае, знае. Честитки до сите што се најдовте на листава! Јас ќе дадам глас само доколку некоја од фаворитките е во тесно.
Никогаш не сум номинирала туку само гласам. Годинава кој од кој по одличен, и немам идеа за кој ќе гласам не ми стигаат три гласа, ќе се осетам глупо ако гласам за еден а за друг не. Јас секогаш гласам на крај и во тесно, ќе видиме
Ве молам да го следиме трендот кај што имам најмалце гласови за да не ми е глупо да правам искрени мемиња за конкуренцијата како што беше планот, фала многу На кандидадите им посакувам среќа и да не ги сфаќаат премногу лично мемињата. Спојлер а може и треба да ги сфаќаат лично
Добар ден, Јас да требаше да си лобирам за мене, одма пуштав некоја тортичка, кифличка, проја, гравчето на тавчето Ама сега, ако имам време идам за @NarCis@ Имаме договор ние
Се мислев воопшто дали да гласам, минатата година го видов гласањето прв пат, не бев активна предходните години. Номинирање и гласање сепак минатата година беа по пријателска линија, а исто и годинава. Некои членови ми е чудно воопшто како се стигнати на листа за гласање, а има многу поквалитетни од нив, далеку. Доколку гласам ќе биди за @WildMk. Најмногу заслужува да победи, најреална е, ја има во секоја тема, многу пати добиваше банови кои не требаше да ги добие и често беше мешан нејзиниот приватен живот од членки, шо не треба да биди. Ако некој треба да победи реално е @WildMk