Баш затоа што членовите го прават форумот имаме право да кажеме дека не подржуваме лик кој посакува силување на друга жена. И не е дека е ова ради Вајлд демек ја браниме и поддржуваме, кој било да беше вака би реагирала. Исто ко што бев згрозена од членката што и посака да заврши на респиратор на друга членка.
Абе види сега, тенка е границата меѓу искреноста и дрскоста ама според мене културно е да си премолчиш некои работи ако тие работи можат негативно да влијаат врз некој. Сите водиме некои битки, затоа сме и на форумов мислам.
Не сум те читала, а баш се мислев што те нема. До некаде те разбирам, нп баш би ми било криво да се изгуби членка како тебе. Па welcome back
Е арно, ама многу селективни сте повеќево тука во изразувањето на поддршката некако, ако не ја мирисате членката некои кога ќе ја напаѓаат се ситите со ах си заслужила или ако и се тресете на некоја членка, а некои со право ја напаѓаат па мудро си молчите. Не пишувам за тебе ова, за повеќево реков, да нема збунки не се однесува на тебе.
Комплицирате без потреба. Принципот на избор е форумџика со најмногу гласови. Бриџит има во моментов ,128 гласа . Членовите ја предлагаа и ја гласаат,очигледно не им смета ни дрскост ни не знам што. На Вајлд и смета Бриџит поради нејзини лични причини и конфликти,и мене ми сметаат одредени членови од други причини, но форумов па не е мој. Затоа секој ке си гласа за кого мисли..
Јас и посакав. Луѓе ни умираа,таа журки и трикови ќе правеше. Тебе ти беше нормално тоа? Мене не ми е,за човечки животи се работеше. Но, човечките животи не и беa важни нејзе,ни твојот,ни мојот ниту ничиј. Важно и беше да се журка,да живее и да не и се скратува од младоста. The end. Едит: Бриџи глумеше дека се сменила и е на добар пат да биде подобар човек и Богами добро ве насамари сите. Иначе немам ништо против едната и другата ама нема да гласам.
Со Бриџ си имам и лични препукувања, па дури и директни навреди од нејзина страна. Сепак, многу повеќе ценам дрскост, и директно некој да ми каже еј глупа си, него лизни-мазни лигушки, а зад нив љубомора, завист и чиста малограѓанштина. Помалку навредува нејзиното директно и дрско, него туѓото затскриено и подмолно.
И лани вака и преклани исто.. Затоа им верувам на членките кои се плашат да бидат на листа. Кој сака јавно да биде навредуван (додуши и омаловажуван) ? Неможе цел форум да те сака, за некои си супер, за некои си никаков. @Ketchup секој за себе така си мисли
Арни се и двете, си го зеле својот дел. Сигурно не ги знаеме оти се многу мили и срцкасти Ќе чекам ласт минт за гласање. Не дека ги знам повеќето де