Оти не мислев дека Бриџит ќе биди до толку 'ценета'. Има толку поквалитетни форумџики на форумот. Посебно во помладите, кои воопшто не се ценети. 40ка ги одредува работите на цел форум. Вклучувајќи го и изборов. Зошто на пример да не биди наградена некоја млада, начитана, коректна личност?
Затоа што и лани, и пред тоа, и од секогаш, нема критериуми едноставно, освен 500 мислења. Останатото е тотално во раце на форумџиките. Може да има 500 мислења во фемина инстаграм, или 500 во мода, сеедно, тоа е единствениот критериум. Ете толку е просто.
Па не е баш точно. Ако си го искаже некој друг своето искрено мислење особено ако е нов член, тој е само глуп и навредува ама ако е Бриџит не е проблем. Ја ценам дека е искрена ретко кој е, ама сметам дека за се има граници.
Затоа Бриџа е санкционирана бог знае колку пати. Кај што претерала и била банирана, не е дека други бан јаделе, а таа ништо.
И сега ние што не си ги гласавме другарките, а се трудевме да бидеме објективни при номинациите и гласањето, може да номинираме и да гласаме отпочеток ??
Искрено се чудам за некои што се на листава Нема да ги коментирам негативните кандидати не сакам воопшто да трошам енергија за нив само за тие што сакам да гласам : @Ahoy @Biljarkata @flower30
Како и секоја година, така и оваа, листава и членовите кои се на неа се слика и прилика на форумов и неговите политики. Тоа што најмногу гласани се членки како Вајлд и Бригита доволно говори за критериумите на членовите и нивниот вкус т.е невкус
@flower30 @theowndemon @KateKane Среќно девојки Би сакала да имаше опција да гласам и за некој од момците зошто стварно се доста квалитетни ликови, но само 3 гласа може, а ова ми се фаворитките, па тоа е финалниот избор. Многу би сакала Цветче да победи, некако многу ми е мила, позитивна, искрена, душа личност. Со задоволство и ги читам постовите. Знам дека не сакаше да бидеш номинирана и тоа го испочитував, но кога те видов на листава не можев да не те гласам. Останатите две членки за кои гласав, прекрасни млади, паметни личности, ги обожавам, нема што да кажам плус, само ги потврдувам сите позитивни зборови досега што беа пишани за нив.
кој ни е крив што не номиниравме, јас се чудам кој ги гласал воопшто овие (не сите, не генерализирам, за поединци мислам) како црн хумор е листава
Еве ме, од глупости не дојде ред да кажам за листава ко што треба. Ми се допаѓа затоа што гледам ликови со реални мислења, симпатични и неутрални (повеќето), ликови што не тупат со својот приватен живот и приватни проблеми (повеќето), што знаат да дискутираат на повеќе теми со различни карактери на луѓе. Не се замерливи, не се ситничари, не се манипулатори (да не пишувам на секое - повеќето), не се досадни по темиве колку да ги има, не форсираат слики од што имаат и немаат за популарност, не потенцираат своја финансиска состојба или кариерен статус. Не се егоистични, не се ко тетки на чешма, немаат малограѓански менталитет, баш кул листа со искулирани луѓе. Знам дека едвај чекате да се испукате на моја сметка затоа нема да зборам колку мизерни ви се коментариве и ќе ве оставам на мира.
Гласав за theowndemon ми има оставено позитивен впечаток и се зачудив оти олку има малку гласано за неа, досега. Доколку би гласал за три како што пишува во насловот, би гласал за WildMK и Mantub.
Немој Кате, погоре пишаа дека и иваа година само неквалитетни членови се номинирани и дека немате вкусПа ако победам ќе бидам најнеквалитетен член. НејќУ така @Dream-Girl искрено, не ни знаев дека ме читаш. Ми значи ова многу, фала ти И додека сум тука, фала ви на сите за номинациите и гласовите. Да не се лажеме, јас ниту сум некој којзнае колку Квалитетен член, ни па пишувам по други теми. Ама да знаете, мене ова од сите вас ми значи Најискрено и од срце фала ви што ми го разубавивте денот
Малку како криво да ти е на тебе и на други што Бриџит има толку гласови и води, па сега ти текна да видиш муабети и патетики? Ниско многу ниско. Не очекуваше изгледа па затоа сега брже боље да се послужам со ниски обиди. Срамота. Мизерија. Без разлика на се Бриџит е еден од најквалитетните членови на форумов. Интелигемтна, искрена, дрска, со смисла за хумор. Ако гледаме објективно 80% од мислењата на Вајлд се за курци, палци, групњаци и сл. Далеку е од форумџика на годината. А па со последните мислења, начинот на кој сака да победи дефинитивно не ја заслужува титулата. Биди бре достоинствена, а не на ваков начин да покажуваш колку ти е криво зошто баш Бриџит да победи. Заслужува едноставно е.
се си у право. ама уште е чудно како ти се најде на листа меѓу баш вакви членки ко што опиша? ---- П.С. мене овде ми фалат Лиана, Косми и уште некои од тој калибар...
Листава ја направил некој што имал 6 промили алкохол? Били и уште 1..2 заслужиле да се кај што се.Другото е непотизам