Боже колку ве боли Бриџит страшно . Не не, на таков начин @WildMk не се собираат гласови од луѓе со став. Лабилни можеш да моткаш и фаќаш на патетика која замисли сега ти текна да ја видиш од џеб. Срамота е.
Како не е срамно. Пресрамно е со какви методи се служиш за да победиш. Зошто тоа не го потенцира после изборите? Зошто не кога беа номинациите?
Оти не мислев дека воопшто ќе треба да биде кажано. Мислев веќе знаеме сите. За нејзините бубачки, за моите бубачки... за сечии бубачки на активни членови.
Ете и ја си изгласав. Добра проценка сум направила, од три номинирани, три се на листата, од кои две се веќе во значително водство. Едната веќе се служи со постови да фати на емпатија, другата ја боли стапот. Само знам дека треба да тркнам до Кам, да се опремам со пуканки, чипсови, чоколади, ова ќе биде врло интересно за посматрање.
И заради тоа мислење и заради многу други ти си ми прва од 3те за гласање, а изгледа и единствена ќе останеш. Феминистка до срж, одмерено знаеш да нанишаниш каде што треба и пукнеш јако, реален јавен напад уз многу псување Ама јас уште лани те номинирав, без да прочитам дека не сакаш и тогаш пишав ти си ми пример за нај, нај, а ако не сум пишала еве сега пишувам што ми лежи на срце да си знаеш Се' друго е водење политики, високо и нискобуџетна дипломатија, цртани филмови што душа вадат на зрели и возрасни единки. Ејгиди брзо остаревме детето во себе го заборавивме
И јас сум за шала и смеа.Ама,ова е нешто сериозно кое не треба да се игнорира. Не можам да сфатам како можете тешка навреда упатена од една кон друга членка која доживеала нешто толку страшно да ја сведете на ситница. Реков прееска,тоа е едно од најлошите нешта што една жена може да ѝ го каже на друга жена. А,во темите се правите феминисти и пишувате „ужас“ кога некој објавува дека некој/а доживеал/а нешто ужасно/страшно. Нели и ова е ужас? Вие да бевте на местото на Вајлд или ваш член на семејството/пријател да беше на местото на Вајлд и да добиевте/добиеше таква навреда од Бриџит,дали истото ќе го пишевте?
Елај си кај мене заедно ќе ги јадеме, каков Кам иди тука, плус и торта и чај со мед имам за заблажување, а ако треба па и од жестокото ќе извадам. Домаќини луѓе сме ние по дома, од се по нешто има за секого по мерка
Јас пријавив со докази издавање идентитет на членка. Погоди што? Никој не беше баниран. Па за ова ли се чудиш? Али ај на шала да тераме хехенца ќе ставаме.
Не требало да се игнорира кога се случило, темава не е ни место, ни време за тоа сега. Има тема Форумски прашања на пример, проблемот меѓу Бриџет и Вајлд може таму да се дискутира. Не оправдувам, далеку од тоа. Меѓутоа, јас не сум го прочитал тоа мислење, ниту пак знам кога било напишано, верувам и повеќето тука, и не треба да ја уништи темава. Било, поминало. Каква била казната не знам, каква требало да биде- може да дискутираме(те) на друга тема. Лани темава имаше прекрасна содржина, пред еден месец се навратив на некои страни од таму и пак занемев смеење. Не знам каква била во 2019 и пред тоа, јас ја памтам и ја знам како тема за релакс и смеење и фер шали и критики меѓусебно, и мислам дека треба да се задржи таквиот забавен карактер на темава.
Не е проблем меѓу мене и Бриџа. Не сум била само јас мета на навреда. Пред 2-3 дена членка на 40ка ја извреѓа.
Затоа велам, не знам што се случува во 40ка или бременост, или не знам, шминка пример. Во темите кои ги следам и ти и Бриџет сте ми оставиле добар впечаток и ве сметам за доста вредни членки на форумов. Кажав и горе, проблематикава не е за во оваа тема, барем според мене. Не ме сфаќај погрешно, знаеш дека те ценам многу.
Ама ние ја номиниравме Бриџет Некст, легитимно си се наоѓа на позицијата. Еве јас можда и прв ја номинирав, затоа што мене ми оставила впечаток таму каде што јас ротирам на форумов. И не сум само јас, да бев немаше ни да биде на листава. Еве и 140 други веќе ја гласале, не номинирале, а тек смо почели. Има модератори, нека реагираат ако сметаат дека нешто не е во ред, јас си останувам на ставот дека темава примарно треба да остане од забавен карактер.
Зошто ја бираш само ,,вистината" на Вајлд? Претпоставувам истото е избришано и не можам во целост да знам што всушност било напишано. Но, она што го знам е дека и Бриџет објасни во кој контекст било напишано, и јас буквално не гледам како и посакува она што Вајлд го сугерира. Кога ќе почнете на сентиш виолини да свирите, нема крај. Факти, реалност и две вистини или лаги се спротивни дејствија. Никој не го спори моментот дека не е во ред да посакуваш некому нешто што самиот не сакаш да бидеш мета на истото. Ама истовремено и контекстот е битен, и со какви зборови било напишано, за да точно се знае за што всушност станува збор. Така да, ние што сме гласале за Бриџет, не го оправдуваме делото, но сакаме пред да судиме да ги прочитаме двете страни. А да не се правиме малоумни, форумот е полн со хиперболизации, додавање на зборови што воопшто не биле напишани и создавање на една имагинарна ситуација од првичната со цел да бидеш окарактеризиран како една пречиста светост. Правда за Бриџет!