Штета што многу квалитетни членови не се на листата. Сите имаме различни критериуми за нешто што е добро. Јас не си ги гласав другарките, затоа што немам другарки на форумов, не познавам лично никој, но некои членови ми се особено драги и сакам да ги читам. Моите номинирани беа @Annath @Angie1432 за жал не се на листата и @KateKane, оваа година најмногу ми оставија впечаток. Објективни, интелигентни, со издржани аргументи, спремни за дискусија во секоја тема, не сум забележала да навредиле некого во дискусија, а и беа активни во текот на целата година. Истото мислење го имам и за @Biljarkata и @Billy Idol затоа гласав за нив и за @KateKane од членовите кои се на листата. За жал можев да гласам само за 3ца, @theowndemon исто така сакам да ја читам. Доста креативна личност, знае да води дискусија, отвара убави теми, се на се имам убаво мислење. @Celltica сега последниов период ја среќавам низ темите, ме бендисува како член. За другите номинирани членови нема да коментирам, затоа што некои првпат ги забележав тука, некои пред два дена и немам стекнато мислење. @Ahoy освен во темите за корона и за евровизија го немам сретнато во други теми, затоа не можам да оформам мислење, какви ставови има по некои прашања. @WildMk некогаш знае да е необјективна за некои теми и да ја затупи, тоа не ми се допаѓа. Иначе сметам дека е супер лик, јас барем не сум приметила некого да го навреди во дискусија. Овие членови ги спомнав во одност на изборот. На форумот има многу квалитетни членови кои воопшто никој не ги спомнува, тивки се ама препаметни, секогаш спремни да даваат совети, да помогнат @Cosmic Girl @MissChievous @Dream-Girl @Reina.Gitana @Luciferka @nextredstyle @Cosmi @koritsaki @deskarada @Stephen Amell @prominent @Amellie13 @Acronia @Emotional123 @Bitter-Sweet @Kimberly11 и многу други членови што во моментот не ми текнува да ги тагнам.
Повторно прочитај ми го целото мислење(сосе она цитираното од модератор). Не сум единствена која реагира.Неколкумина посочивме зошто Бриџит не треба да биде на листата.Прочитај ги и мислењата на другите. Одлуката секако е само на администраторите и глобалната модераторка. @RainBow Мислам дека треба да ја заклучиш темава.
Мене фаворит ми е @KateKane . Не само зашто е квалитетна форумџика, со паметни и елоквентни постови, разумни и смешни, туку затоа што има обзир со луѓето тука.Колку и да ѝ се "бурни" одредени мислења, никогаш не сум ја видела да задава ниски директни удари на членови и да нема граница до каде ќе оди со зборови.Многу ја почитувам за тоа. Според мене, дежурно делување како некој што треба да ги "доведе другите во ред", да ги спушти или да покаже каде им е местото е целосно непотребно затоа што често преминува во чиста дрскост.Не се воодушевувам на надменост(иако признавам колку пати сум била и јас таква, ама не мислам дека е позитивен атрибут) кон луѓе во вулнерабилни моменти само за собирање поени како најнедопирлива личност што е брутално искрена.За Бриџит нема сомнеж дека е интелигентна личност, само имам прочитано доволно коментари со погрешно насочена ароганција онаму каде што не ѝ е место. Од друга страна Вајлд иако 100% во право за коментарот што го добила, моментално тоа го произнесе само неколку мислења откако напиша дека годинава ѝ е досаден изборот затоа што нема драма. Може е случајност и тоа било кажано на шала, ама од страна ми личи тенденциозно. Не сакам да се карам и да предизвикувам дополнителна драма, ова е само целокупниот впечаток што го добив. Да се вратам на убави впечатоци, таков ми остави годинава и @flower30. Иако не пишуваме во многу слични теми, сепак во неколку наврати ја имам прочитано и запаметно како членка со позитивни и љубезни мислења.Втор глас тука. @Guns N` Roses
Не е никаков поткуп, но одлично време и место за рекламирање. Не знам како дозволуваат надлежниве. Ако не сите што имаат бизниси да прават гивавеи на форумов.
Сите во животот грешиме и кажуваме работи што не ги мислиме. Тоа не прави лоши луѓе? -Не. Напротив, луѓе со емоции и соодветни реакции. Што токму поради тоа, Бриџит има поголема почит од моја страна, со оглед на нејзината реална искреност. Како навлегуваш во терминот банирање, чиниш за кривична пријава се работи, за дело со последици. Полека со емотивноста поврзана со форумот. Знам дека една од твоите цели е да станеш модератор, ама за да го достигнеш тоа, треба да бидеш објективна. А за да бидеш објективна, треба двете страни да ги разгледаш. Но, како ќе добиваш на милостиња од публиката ако не се фатиш за сензитивно прикажаната приказна, иако во некоја извртена верзија. Ме заболе на крајот од денот. Си имам свои проблеми.
Ќе јадеме бан инстантно. Памтам имаше случаи кај што членки беа бришени и банирани пошто споделуваа броеви за приватни часови а тек па за цели бизниси..
Де бре уше колку си љубоморен значи. Само нешто ти смета. Де наградата, де листата. Бтв. Шо носиш моментално? Наполнета гласачка кутија?
Немој вака ке ти се пуштат едни бесни и ке ти доделат некоја раса. Барем далматинка да бев, пит бул. Не смееш да ја подржиш Бриџит у срж ги погодува.
@Ajronmen аман бе чоек. Ми се моча од ладното, не ме смеј и ти. Ти борчиме едно ладно за возврат за креативноста.
Абе ми тргна некако викам ај да се нашалиме малку Извини дека те ставам во незгодна положба во однос на природните потреби, побрзај до дома да не напрајш беља. Хехе Може пиво, прифаќам