Ние ги праќаме сите колачиња заедно во кутија од 500 грама, со тоа што една форма е изненадување во секоја кутија, неприкажана тука на форумот
Пошо годинава ја обележаа корона и вакцини и ја мислам дека @Ahoy заслужува форумџија на годината да биде со неговите статистики и навремени информации. Башка и родова еднаквост малку.
избори ли се избори Фемински маки големи како на вратот мемиња Ниски камења студени Така на плешки избори Легнале та натежнале Избори ли се избори Фемински маки големи Стани си утре порано Направи си дупли профили Легни си вечер подоцна За да не пропуштиш госип предоцна ај пуст да е, пуст да би Останал живот форумски роди се форумџија - феминка на годината постани! Роди се човек - квалитетна феминка биди!! Форумџија цел живот труди се да бидиш, квалитетни постови пишуви за други туѓи тостери и долче густови. за туѓи форумски дворови Копај си ти свои кровови За себе само пишувај си За себе форумски титули освојувај си нижи си тостери со избори Нижи си мемиња и изгори Нижи си мемиња Нижи си квалитетни мислења Околу вратот и гајле немај си. избори ли се избори Фемински маки големи Без страв пишувај си Мемиња реди си И квалитетен член постани си и наредна година Кампања напрај си Биди нај несериозен И понеди си круна предади си И накрај отиди си Нити сум флоуер нити ајромен Ама сакам позитивна енергија Жими све
Потполно се согласувам мене лично многу ми помогна кога требаше да патувам баш поради тоа и го гласав плус гласав за уште една членка и третиот глас не го искористив сега кога згусна ми е криво..
Пошто првите се утепаа од финоќа Многу лицемерие има на форумов, и на темава се развлечка, па ќе изиграваме судии сега кој на кого што му рекол, кога по приватни пораки цели фамилии си ги оговараат, па другарки, па се сакаме, па не се сакаме (освен ја и ти @NarCis@ ние сме истински) па овој требало да победи, оној бил оваков онаков...
Ахој многу си го бендисвам, но моето мислење за мажи во кандидати за избор на форумџиКА на женски форум е познато
Точно така. Не сме безгрешни но сме истински!!! Мото на кампања за 2020 на фемина форум при избор на форумџика/ форумџија.
Штом администраторите дозволиле и машки членови да има на форумов,не треба да им се брани место на листата. Еднаквост треба.
Не е работата дали се сфаќа сериозно темава или не. На форум од карактер како Фемина, да се дозволи да биде феминка на годината персона која за силување пребацуе, посакува и сл, тоа е ван памети. Не заебавајте, па нели вие сте жени кралици, жена жена поддржава, ња ња на сите теми, ама за другачки пу пу, не важи, се заебавала. Ма дај.