Брееее... Зошто вака сериозно? Секоја година кажувам дека немам увид во гласањето, ниту во номинациите. И не знам зошто е прoцедурата каква што е. Така го кажав тоа, на шега. Грешка.
Што барав да ја отворам темата, од смеење ќе си ги потпечев макароните @Ajronmen ќе беше виновен ако останев гладна.
Ти сакаш сега и да ме задавиш со нив. Ќе пишам сега на лист за секој случај дека за мојата ненадејна смрт виновен е @Ajronmen од фемина. Туку пошто гледам дека @WildMk е водич, штета би било да добие тостер. Подобро би било ваучер од некој секси шоп Не ми се лути уајлд ама така те замислувам кога те читам.
Не знаев кој пишал, ова е само еден форум, нема потреба од вакви муабети. Нема потреба ни да кажувате кого номиниравте и за кого гласавте. А уште помалку за кој не или против кој гласавте. Бесмислено е. Не реков дека ме нервираш ти, или Петкана, ме нервира во која насока одат некои дискусии. Ме нервира што во сите теми е тоа докажувањето и наткажувањето, заради кое и не пишувам многу, а по ова што читам гледам подобро е да молчи човек, сите се етикетирани унапред врз основа на неколку напишани мислења. Темава ја направивте хаос, хејтањето ми смета. Овие смешните слики се единствената позитива.