Јас сум препознала воскреснат. Еден шо ме стокуваше и почна да ме плаши. Ама не ги дебатирам, само ги пријавувам.
@cooll што е тоа што натерало да се сомневаш во некоја членка? И зошто ако веќе ти е основан сомнежот не пријавиш кај модераторите? Јас додуша појма немам што е фамата околу таа Кара Миа, и дали има реална потреба од фама. Ама ако е вистина дека толку пати досега нашла начин да се врати на форумот, веројатно и во иднина ќе си најде.
И мене еден така ме малтретираше во лп пишав и во Прашање за тоа искуство со него, а него му пишав ако продолжи да ме гњави ќе го пријавам и се повлече, ама друга потерсене пријавила и кркна бан. Оттогаш си го затворив сандачето и раат сум си Пријавувајте си има модератори да реагираат како што е соодветно.
Мене Кара не ми сметаше како лик на форумов, обожавав да гледам какви еклери, крофни јадела тој ден, или какво кафе пиела, вие од 40-ка имавте нешто против неа.
Реков јас, не ни знаете зошто ја хејтате. Она и да заслужила бан ако ти не знаеш зошто, изгледа само како да ја хејташ само затоа што некој така рекол. Мене ич не ми е гајле за неа, гајле ми е за членките што ги малтретирате мислејќи дека се таа, зошто имало на форумов многу паметни жени што препознавале
Така ве учат на факултет ма, седи таму 10ка од старт имаш од мене Ако отворите петиција давајте линк и јас да ја потпишам дека нели сум била Кара Миа како што некаде во некоја си тема прочитале, па што знам ако не ја банираат може и јас ќе дознам која била и е таа фамозна и легендарна Кара Миа од глава што не можете да ја извадите. Што ви направи како ве урочила или маѓепсала и на сон да не ја гледате?
Која и да е, КараМиа, РозетаСтоун, другите јузери и ги имам заборавено Јас капа и симнувам Таква посветеност, толку слободно време, па имејли, па пасворди И јас сакам таква меморија во поштенско сандаче
Кара Миа, Асистентка, Тијанана и кој уште ник имаше... Значи не дека некој ја хејта. Прво беше банирана за расправии. После пак ја банираа за расправии. После ја банираа за дуплите профили. На никој не му е ноќна мора, само ја знаеме како најупорен член кој се враќал, затоа се спомнува.