Сакам, под услов да имам шминкер и некој фенси бутик како спонзор. Спонзорот за гардероба де, не за друго
Ме насмеа слатко времево 01.21 за затворање на гласањево Тука како предизборен молк е Фемина официјална објава на победникот во утринските часови
А смејме да честитаме после затворање на анкета или да чекаме да не има мучки ко лани? #прашањакоимемачат
Не мора да се дели, ама победничката да понуди, а ние да кажеме: "Не, неее, тоа си е твоја награда." и да испаднеме најсупер
Уште не сум гласала, за право ниту листава не ја загледав асално. Стандард, последниве години не сум ни редовна по темиве, па не се сметам ниту меродавна за некаква, макар и субјективна, целосна проценка и анализа. Дел знам, дел сум ги видела, третите дефинитивно треба повеќе да ги следам бидејќи за џабе сигурно не се тука. @Bridget дефинитивно ме потсетува на на она мало црвено ѓаволче кое си го носиме секаде на рамења. Колку пати некој сакал да рече, да пише, па се штрекнал и се закочил оти го знае пола форум со лик/име или профил на социјалните мрежи, па се попишманил и само скролнал даље. Секој ја нема привилегијата од втор профил да пишува, или да останал доволно имун на сите виртуелни пријателства па со анонимноста да тера до крај, и си дозволува секаков ``луксуз`` во овој виртуелен свет. НА моменти е дури и шармантна, освен нели, кога е во јак пмс, може и комбинација со диета, па шеќерот ако паднал и и испаднеш пред очи и те направи лом. Е сега за среќа метлата брзо работи, некој не видел друг па може и очи плакнел и се засладувал...на крајот се се заборава, како и многу други помали или поголеми драми во изминативе 10г. Мора да и се признае bad villain репутацијата која си ја држи контстантно. @WildMk на темана за насилство и хоум скулинг ќе пишев реферат, па си реков ај да не тупам. Доволно е да кажам дека нема врска, а дискусијата ќе ја оставам за други времиња, во соодветна тема. Ја има секаде, не тера никого на сила за тројки а дефинитвно и придонесува да се придвижуваат некои дискусии ама напорно ми станува на моменти. Не поради содржината, сеедно ми е тоа искрено, туку онаа агенда да не просветли и освести. На крај на денот сите треба да се спасиме себе и промените да ги почнеме од себе, потоа светот(да не се сфаќа во буквална смисла). Тука на моменти сите тие дискусии и ставови ми биле на стаклени нозе. @Biljarkata на моменти се сложувам, со задоволсто читам мислења и дискусии...се до моментот кога ќе помислам дека некој и го хакнал профилот или се прашувам кој е поади него. @NarCis@ Членка која отсекогаш со задоволство ја читав и од оние неколку теми кои само активно ги следам добивам впечаток дека си има континуитет. @Ahoy Искрено освен бебе-дете-бременост темите, корона е единствеата која ја следам па неминовно налетав на тебе таму. Впечатокот е одличен. Минусот, кој е очигледен во однос на недостаток на активност низ цел форум, мислам дека не е толку голем од едноставна причина што дел се наоѓаат на листата поради низ некое катче од фомумов, не дека кузнее какви дискусии имале. @KateKane @theowndemon ми се дефинитивно на листата на членките кои треба повеќе да ги читам. Ништо посебно не кажав, не ни знам за кого да гласам.
Баш напишав пред некој ден, дека послабо ме има во другите категории за бебе, дете, а особено со радост ги читав и пишував во нив, особено оние теми за детска психологија, воспитување и развој на детето. Сега ми фали малку релакс, па најчесто се држам до 40-ка. Инаку, секогаш ми е мило кога ќе ме спомнеш во позитивна смисла, особено што и јас многу те почитувам тебе
Леле @Mantub си гази еј, а колку време е тука, нема ни 2 месеци. Наредна не ти бега, немој да те снема пак! Да ти помогнам. За @Bridget нормално. Другите пак за моите, Селти и Ахој. Ама ај части еден барем, да се порадувам. Бега Вајлд за повеќе, ама до вечер има време.