Не само другарка, туку љубов голема Башка трева ти давам Јас вака на крај, да кажам по некој збор за тие што ги гласав, а и за по некој од номинираните. Бриџа ко Бриџа, сите ја знаеме. Каква е, таква е, наша е Мајтап на страна, на почеток кога се зачленив си мислев што е толку надрндана жената. Со тек на време почна да ги освојува моите симпатии, затоа што најчесто и основано беше во право за нејзините ставови. Малку начинот на кој го излагаше своето мислење е без пардон, ама секогаш имала поента. Добро, некогаш знае и да се 'рчка од шо ѝ е досадно, ама па сите сме го правеле тоа (Јас не, јас сум најдобра ) Втора ми е Ката. Ката малку ме потсеќа на мене, културна, одмерена, елоквентна, сѐ дури не ѝ се спојат жички пошто некој фрлил хартивче до кантата за ѓубре, и наеднаш станува чудовиште кое пцуе ко кочијаш Добро, јас не пцујам на форумов, во приватен живот знам понекогаш да изненадам. Се сезам, јас не пцујам никогаш, јас сум најдобра Третата е Мантуб. За неа ќе кажам дека ми е пресимпатично што има краток фитиљ Имам таква другарка која си ја сакам премногу, па Мантуб ме потсеќа на неа. Кај неа ми се свиѓаат размислувањата за воспитување на децата, тоа што многу ги сака животните, што е доста прогресивна во размислувањата. Ама краткот фитиљ ми е најкјут По некој збор за останатите. Цветето е членка за која отсекогаш имав добро мислење, интелигентна, со одличен смисол за хумор, грижлива жена и мајка. Би сакала повеќе да ја читам и во други теми, да дискутира за нејзините ставови и да не ја боли уво за кој што ќе каже Ахој, супер дечко, многу му го сакам хуморот, ама желба имам да го читам и во други теми, освен корона. Ај уште малку нема да има корона, па еве му шанса да се докаже Билјарката, неа уште не можам да ја проценам. Мислам ок е вака, ама што вика Дани, некогаш се прашувам и јас некој да не ѝ го хакнал профилот Демонка, ју гоу гирл, да ти се посреќи наредна година, нешто да боцнеш, да те боцне, да му зготвиш од превкусните јадења и да те скрасиме Добро, ова беа желби за тебе, ама начелно имам добро мислење за тебе За Селтика ќе кажам дека не заслужува толку малку гласови, ама ќе дојдат и нејзините 5 минути. Интелигентна, добар сарказам, смисол за хумор, има потенцијал во неа Вајлд. Оф, Вајлд. Имам премногу да кажам, ама еве само ова нека биде. Вајлд, мислам дека треба да има повеќе самоконтрола кога вреѓа, пошто едно е да го направиш тоа суптилно и културно, а сосема друго нејзиното. До пред некој ден мислев дека простува и заборава ако некој неа ја навреди, ама ми се покажа дека заборава и се прави дека ништо не било само она кога вреѓа. Тоа така не оди. Ноу хард филингс Вајлд. Били, не знам ништо за човекот, ама штом се нашол на листата, сигурно оставил на повеќе луѓе добар впечаток.
Леле, фала, фала Не смеам во други теми, ќе дојде до израз мојата смотаност Инаку, П. С. јас гласав за тебе И за Ахој