Мене ме занима дал поклонот го бираат според победникот или нема везе? Глеате, не читале знаат за тостерот @WildMk честитки, мн убава награда
Коа го видов банерот горе, така ко за девојче, убаво, со розе пишано Вајлд Мк ... па коа ми текна на сквир.... Честитки Валјд. Заслужена победа Саатот перверзии
Честитки @WildMk. Многу убаво те личи на банерот. Почесна награда да му се додели на @Billy Idol, издржа храбро да не даде ниту еден коментар во темава. Што посебно ме свиѓа на каков игнор ги стави сите означувања. Колку само не се испозамара еј. Иначе, многу проблеми ми имаш решено без да знаеш, особено со заборавени пасворди. Сите што се на листа се заслужено таму, а особено тие што јас ги номинирав и гласав.
Честито, Вајлд (не можам да ве тагнам поради некоја причина). Создравје да си го носиш часовникот преубав. Честито и второ краљевско место за краљицата Бриџа. Она секако круна си има убаво ќе беше и часовник што ќе и одговара на круната
Фала ви на честитките, на номинациите, на гласовите. Фала и на тие што не ме номинираа и гласаа, затоа што ме читаа... и тоа е доволно Незгодно ми е бе. Не очекував дека незгодно ќе ми биди. И' благодарам на @Femina за подарокот, ама нема да го примам. Нека го заменат за пакетчиња, или што и да одлучат. *А да, заборајв. Ружа Среќни Новогодишни и Божиќни празници на сите. Да ни се множат години во просперитет, љубов и разбирање