@WildMk од се срце ти се радувам!!! 2022 година да ти биде посреќна, побериќетна и без оглед на часовникот (поклон од шефовите )ти посакувам времето за тебе никогаш да не застанува и само напред да чекориш
Пак имаме медалче во Битола, златно овај пат. Честитки @WildMk и гледај да не те снема како другите победнички.
Честитки @WildMk од срце зошто да не го примиш подарокот? Сепак е спомен, убав спомен што ќе ти остане од фемина форум. Не е битен часовникот битни се сите спомени кога ќе го погледнеш, па ќе се сетиш со насмевка на многу убави моменти тука. А ти овде секогаш си била. Ако ме прашуваш мене оти сметам дека си емоционална личност знам дека ќе ти биде мило за подарокот. Прифати го. Па да те видиме, така мило ќе ни биде, и продолжи си со убавите постови чек да се едитирам, или дај го на ќерче 100 посто ќе се радува бе, па раскажи и за овде, за гласањето, за твоите гласови. Абе нем да не сакаш да го земеш ќе те утепам бе , плус многу е убав и едноставен бе баш ќе те личи
Јас како трето победничка ќе почнам со мојот говор Шала на страна, стварно сакам да ви кажам фала, прво на номинациите, а после на сите 200 гласа Иако е анонимен форум, виртуелна дружба, мене овде ми е интересно и Фемина ми е дел од секојдневие. И многу ми значат вашите коментари, премногу. Иако имав прашање дали сум истиот тој лик што се жалеше во друга тема Да ја сум Цветче што "квичеше" во На срце ми лежи. Но, овој месец благодарение на НАСМЕВКА и оваа тема, се врати дел од старата Цветче. Ваква бев порано, само се изгубив низ годините (вадете марамчињата, шмрц шмрц). Ќе си се жалам јас уште, ама нека поминат празниците И, јас вас ве смеев со моите постови, ама вие ми ја топлевте, и уште ми ја топлите душата со вашите коментари и позитивни мислења за мене Фала ви уште еднаш на славата и вниманието @Bridget ајде сега ти како второ пласирана повели