По малку подолго анализирање и пребројување на гласовите, официјално Форумџика на 2022 година е: KateKane Ѝ честитаме и ѝ подаруваме смарт часовник SAMSUNG Galaxy Watch 5: Благодарност до сите кои се вклучија во традиционалниот избор. Среќни празници и ви посакуваме безброј насмевки и милиони исполнети желби во новата година! Забелешка: Имаше 24 лажни профили чии гласови беа отстранети. Додека еуфорично ги одбројуваме последните денови од 2022, традиционално го започнуваме изборот на Форумџика на годината. Старт! Изборот ќе се одвива во 2 фази: 1. НОМИНИРАЊЕ (завршено) Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. За да номинирате, кликнете тука и напишете ги вашите фаворитки » 2. ГЛАСАЊЕ (завршено) 10-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. Можете да гласате за 3 форумџики (анонимно). Нема да бидат земени предвид гласовите на форумџиките регистрирани по 15.12.2022, ниту пак гласовите од дупли профили. Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2022 година и ќе добие подарок - изненадување.
Ајде ред се редат ..... Пак ли поново ќе бираме форумџика ? Еве јас да почнам прва Бидејќи на изборот за форумџика 2019 не победи мојот фаворит , по 678 пат да ја номинирам @Bridget Па здравје Бриџо ако победиш, да пратиш по едно кило брашно. Не дека нема и други квалитетни членови, ама некако сите ми се исти , а Бриџит ми е преинтересна за читање, посебен калибар жена е , редок вид заштитен од Унеско. П.С-1 За да не пишувам еден под друг коментар, па тука да вметнам : ако може @DAngel да ми пише лп. Од ко ја банираа не сум у тек под кој друг ник иде П.С-2 Специјален поздрав до Кара Миа, само продолжи така со твојата упорност и да ми ја поздравиш Баба Рада оти ти имаш контакт со неа. Е така. Среќна нова година и Божиќни празници на сите
NarCis@ Mantub ALISA0000 А зошто нема повратно, Ви благодариме што номиниравте, пораката е примена? Се мислев и за @Feminka22 ама ај догодина Ако нема некоја од „моите“ за гласање, гласот ќе оди кај неа, нормално ако ја има на листата
Јас волонтирам да сум во изборниот штаб на @KateKane за односи со јавноста. Едит. Јас номинирав две квалитетни членки и Михајло, пошто сега посекако бројат гласој, па пишав дека го мотивирам и сакам да ми врати во емоџиња. Нема да остани борбата за емоџиња невидена! - директно од штабот на Кате
Еве ја мојата тема, конечно! Скоро година и пол сум на форумов и мислам дека за разлика од лани сега веќе знам кој е кој. Ги номинирав: @NarCis@ @Bridget @Mantub
Тешко е богами(како што прв пат гласам)ама ајт ќе се потрудам. Јас ќе ги номинирам: @Feminka22 дека стално останува цврста без разлика на се. @theowndemon дека на некој начин ми е смешна и заради иноктомбер и мачките. @joy1 дека уште од кога се зачленив ми се допадна и постојано ја следам.Една од омилените фенси мами ми е тука. Се надевам дека една од вас ќе победи женски.Со среќа.