Bridget e интересен член со уникатни мислења и ставови, препознатлив стил на пишување ама оваа година дефинитивно не е нејзина, слабо присутна низ темите како други години што била, стара слава или од 40ката ќе ја завршат работата. Били, Феминка, Цреша Јагода би ми било мило еден од нив
Баш се чудев која е таа Бриџет. 6 месеци овде ниту еднаш не ја прочитав во темите, на крај заклучив дека ја имало само во 40, диети и црна хроника. Чудно како може член кој не бил воопшто активен на темата да води, можеби порано била активна, ама во 2022 сигурно не.
А мене ми е чудно како некој не ја знае Бриџ. Каде читате вие? Уште почудно ми е што прилично нов член се жали дека не познава некој од листата.
Аа извини, тие што сме нови немаме право на глас. Ајде нека се заклучи темата за членови што не се овде 5 години. И не, не се жалам. Не драматизирај. Само кажав ниту во една тема ја немам видено, прв пат ја гледам. Толку.
Малце оф топик ама која е таа тема 40ка? Цело време ја спомнувате тука и сакам да ја разгледам, ама не можам никако да ја најдам. Треба да имаш 40 год за да ти се појави темата?
Јас и натаму сум тим Катерина Мицковска-Вучиќ ( ЗАОКРУЖЕТЕ БРОЈ 6), ама морам да прокоментирам дека во скоро сите теми шо сум отворила сум ја нашла Бриџет ( а и поќето од листава!) и то со лимитираното време шо сум годинава. Не мора по 30 мислења на сат да пиши за да напиши нешто квалитетно. Да, мене како мит ми е. Знам дека постои, не знам шо е.
Читам и не гледам каде го пишав ова. Сакам да кажам, ти придаваш драматичен карактер или малку нашминкано, измислуваш редови што не постојат. Патем, извинето ти е иако немам појма за шо ми се извинуваш. Затоа што не ги читаш правите. Како гледам, ниту пишуваш во комплицираните. За разлика од Бриџет рецимо. Уел, не се жалиш, никако, само го користиш твоето право на поплака, едно 716652 пати во темава за членка шо не ја познаваш. Ништо против! Толку де!
Нова сум тука, ги немам читано номинираните, немам право на глас, едно видов од темата битка меѓу нас младите и 40+ Во твој табор идам @Feminka22 наш претставник си, Со среќа
Наш е од младите, нападнавте нема правда нема мир, @Feminka22 превземи нешто има атак од другиве табори