Хахахаххах Можно е Има секакви теории на заговор, трето око, илуминати, мафија, секташи, гатање и баење )
Уфф смири се бе што ми се закачи? Дане ти дава некој пари за маркетинг и предизборна кампања? Просто и едноставно, прв пат ја гледам. Ајде сега не ми диши во врат.
Да, ме плаќаат. Јавна тајна е побогу, не дека откри нов континент! Зошто се чувствуваш како некој да ти диши во врат? Зрачам преку монитор можеби, еве не знам. Уел, многу сум смирена и имам целосно право да реплицирам, пошо погоди што, на форум сме! А ти дефинитивно се осеќаш нападната. Да те потсетам дека ти ме цитираше, треба? Просто и едноставно, ти објаснив зошто прв пат ја гледаш. Меѓудругото и освен што не читаш, затоа што си и поприлично нов член! Не знам како мислиш дека некој може да се најде на листата, а да е непознат за членовите¿ Не знам како до сега не ти текна. Нема да продолжам во недоглед со декадентни мислења. Објаснувај се до утре натаму, ама со самата себе. Чуси!
Бриџа не пишува премногу, ама кога ќе пише држи вода, има страшно квалитетни и издржани ставови, дури и кога не се согласувам со мерак ја читам. Буквално е без влакна на јазикот, а секогаш држи ниво.
Ако не можете да ја отворите 40ка, гласајте за Кате, јас после ќе ви дадам пасворд за да го посведочите феноменот Бриџит.
Многу заинтересирана за тоа колку време сум овде, кого читам а кого не. Цел реферат, браво браво! Еве да ти олесни на душата, член сум 6 месеци, а читам неколку години! Знам многу членки што беа активни, а веќе не си. Ама да не се докажувам, ќе ти скратат од предизборниот надоместок.
@Bridget Ми е членка баш на место,си ја обожавамТоа што оваа година не гласав за неа не значи дека не ја почитувам.Ланската година гласав за неа,па годинава ете сакав и други членки да испочитувам,што не значи дека покрај овие три кои ми се врв нема и други квалитетни.Сепак правилата треба да се почитуваат(3 да бидат).Нејсе, посакувам без разлика која/ј и да победи да си остани баш таква/ов како што е
Ми недостигаат Annath, pdb123, danichap и уште неколку на списоков. Годинава ќе гласам за @Cosmic Girl, @Mantub и @Billy Idol, а за @Cosmic Girl мака ми е што нема повеќе гласови. No hard feelings, но другиве многу лично си го земаат форумов, па често им паѓа нивото на комуникација. 90% од мислењата на номинираните се во групи ко таа за 40 или ФМЌ и кога ќе влезат на други теми си прават муабет ко уште да се таму, во "нивните" теми што ми личат на вибер групи. Тоа е всушност и причината зошто скоро воопшто не пишувам повеќе во теми за општи дискусии. Напише некој поразлично мислење и одма се дигаат сите (т.е. често од луѓево што се на списоков, некои постојано се на него) и 10 страни те убедуваат дека нешто не е така или е така. Ако нема некој од страна, тогаш сами една со друга се убедуваат 10 страни. Мислам тоа беше океј во 2012, ама после години поминати тука, несфатливо ми е некој цело време да реплицира туѓи мислења, со цел да му смени став. И нема потреба од тој "ти" наратив во цитирање, некој доаѓа да си каже свое мислење, без желба за дополнителна дискусија. Ја оправдувам Reinbow за секој бан.
И еве зошто дами и господа Лиана е вон конкуренција на било која листа на форумов Те обожавам да те читам значи, дури и кога се расправаш! Една и единствена! Во отсуство на Бриџа шуќур некоја драма се деси, мораше да се пожртвуваш
Реков јас, си пишува само на една тема, 40ка. А и никогаш нема да ја заборавам драмата од лани, што кажала на друга членка за многу сензитивна тема, и ете пак води. Смешки.
^У склоп на муабетов, половина членови на листава се од 40ка, и ги нема на другите теми. Ама поарно е од минатите години кога скоро сите беа. Јас разбирам терање секојдневие, запознавање преку пишување итн, ама изборов не е за тоа. Ама гротото никогаш не дели баби и жаби, јас сакам да знае за кого и како да гласа (на фемина). Уата џоук.
А имаш видено со свои очи што точно имаше пишано на сензитивната тема, или само здраво за готово го зеде муабетот на другата членка? Бриџит испадна голем човек што наместо да се објаснува и докажува реши само да се тргне од драмата.
Бегање од проблемот што си го направил не те прави голем човек. Небитно, не го пишав мислењето за да ја отворам таа тема и пак да се прават драми. Едноставно не ми се допаѓа што е на листата а уште помалку што води, тоа е моето мислење што имам право да го кажам.
Еве јас сум цела деценија на форумов ама како нинџа сум сад ме видиш-сад ме не видиш! Имаш повеќе допаѓања од мене за само 6месеци.Не сум многу активен наратор.Туку речи ко мајстор Михајло сум,само што не вршам никаква техничка работа Да беше подолга листата би ги додала и Анат ,даничап,биљарката, аника55 ,Вајлд , тедигреј ,мариз ,бубаче89,форца,цка,алиса0000,баба рада,битерСвит,дентина,компир манџа,старк,емошнал123,китен,џој1…има и други не ми текнуваат моментално … не познавам никој лично но ве читам,и тешко е да се гласа САМО за 3. …патем,во живо сум голема муабетџика.
Јас гласав за @Ugly Duckling. Чупето зрачи со топлина и смиреност, многу се пронаоѓам во нејзиниот карактер и едноставно обожавам да ја читам на било која тема. Меѓудругото, таа ми е пример за тоа дека не треба да си дрзок и нападен ако сакаш да доловиш некоја поента, па ти биди во право до небото и назад ако сакаш, кога пристапот ти е агресивен, џабе. Ти посаквам мнооогу среќа.