Ме срамуваш. Го мислам истото за тебе, фала ти на убајте зборој. *Ако ме чита Бриџит сигурно ми врти очи, си вика доста жено не се лигави. И намали со смајлињата.
Кара Миа ја заборави и нејзините 666 нови профили Кај ти текна на Баба Рада таа со години нема чкртнато на форумов, а и мислам дека сама се откри со друг ник па ја банираа а компир манџа се налути па фрли еден вечен поздрав
Неколкумина имаме видено. Бриџит доби и привремен бан за тоа. Спомнавме во ланската тема, чудно е како пак повеќето ве фати колективен заборав. @JuLleE Од ланската тема. Бриџит премина граници. Неверојатно е колку членки се однесуваат како ништо да не било и ја фалат и гласаат.
Емпатија да се немало. Ако познавате некоја жртва на силување, не ја гледајте во лице бидејќи ѝ давате поддршка на некоја која се потсмеваше и вреѓаше на таа сензитивна тема.
Не ми текнува на КараМиа а другиве не дека ги следам да ги демнам ама како ликови ми останале во сеќавање читајќи ги низ темите.
Како тоа дали има видено со свои очи? Па јавна беше расправијата не беше во приватни пораки. Се останато си е нивно, се крена галама ама потоа се помирија меѓу себе како ништо да не било ако не се лажам.
И јас сакав да пишам за тоа со силувањето ама пошто го немам видено мислењето од прва рака премолчев. Навистина е срамота што води членка која давала такви коментари за жртви на силување. Уште се расправате дали ја имало во сите теми кога тоа е најмал проблем.
New year, new me. Да беше рандом член, како оние од секс темите шо секојдневно се критикуваат, ќе добиеше експресен бан. АМА… ама, членка е шо зад себе има позадина од мислења и нормално дека се гледа со “поинакви очи”.
Искрено не се сеќавам на ова, познавајќи ја Бриџа не се ситела сигурно, веројатно било кажано во контекст на небулозите што ги тресе Вајлд понекогаш. Аман од извадени работи од контекст и од политичка коректност, нека победи некој млитав ако не, добар и љубезен и без став. Да, Бриџа знае да биде дрска, ама мислењата ѝ се зрели, издржани и знае да дискутира, за разлика од некои на листава кои се тука поради приватна дружба со членки, хаха-хихи во пораки и лигавење. Поентата на форум е дискусија, а не лајт муабет, тоа го прави интересен форумот. Секогаш кога Бриџа е во дискусијата темата добива правец и се развива. Јас ја гласав Нарциса за хуморот, ѝ нема рамен, ама според мене не е член што дискутира толку многу на сериозни теми како Бриџет, а сметам дека тоа е поважно за титулата Форумџика на годината. Ај кога веќе се распишав ќе дадам мислење за сите номинирани: 1. Били дефинитивно растура со одлични ставови, многу аргументирани и е активен во сите теми. 2.Бриџет - високо ниво на дискусија, интелигентна, јасна и забавна за читање. Остра на јазик и многу јак сарказам. 3. Космик грл - доста аргументирани ставови, размислува од многу агли, само да бидам искрена немам живци секогаш да читам долги постови и понекогаш ја прескокнувам. 4. Цреша јагода е една од најљубезните членки, супер културен модератор, здрави ставови ама не се впушта често во дискусија. 5. Феминка22 со младешки дух, борец за правда, многу забавна, малку напорна понекогаш и предвидлива, ама во глобала кул. 6. КатеКане искрена, мнооогу отворена за свои лични искуства и интроспективна. Дискутира на сите теми, користи здрав разум, единствено ми смета што многу пцуе и тоа некако одзема на сериозноста на дискусијата. 7. Мантуб би ја оженила, ултра интелигентна, секогаш да помогне и најкултурна но не и млака во дискусија. 8. Нарциса би ми била швалерка, нај нај најкул членка на форумов. 9. Демон - Интересна, сериозна, многу искрена, понекогаш не можам да ја читам заради битолскиот дијалект. Малку предвидлива и њу ејџ. 10. Агли - Не знам за друго одвен дека ја има во модни критики, маче си, ама мала си за мене.
Значи на ЖЕНСКИ ФОРУМ - ФЕМИНА води ЖЕНА кој се однесува крајно арогантно и дрско со секоја жена овде и патем на друга членка и посакува да биде силувана. Браво женишта! Само напред. Одгодина да изгласате некој манијак. Сепак бев во право за оваа. Смрди нешто, од авион се гледа дека само нејзиниот клан ја гласа. Прашање е зошто? Може интересно им е некој да ги вреѓа и да се однесува арогантно и дрско.
@Femina @Mihajlo @RainBow Навистина ме интересира зошто дозволувате на листата да има членка со нарушени сексуални мисли која и посакува на друга членка да биде силувана повеќе пати од повеќе луѓе? Зарем некоја таква треба да земеме пример? Очигледно е дека само членови од 40ка ја номинирале.
Бриџа несомнено има издржани мислења, ама повеќето и се чиста провокација и боцкање ванна би Ина Многу Фина. Ама на закачки се палат људовите. А лани конкретно, Вајлд и го извади мислењето на Бриџа од контекст. Никој ништо такво не и посака на Вајлд. На крај си дојде од сожалување до победа и тоа е тоа. 2 од номинираните ми се најдоа на листата. Нарциса и Агли, Црешка ми беше третиот избор.
Баш ме интересира во кој друг контекст може да биде посакувањето да ја силуваат мигранти? Дане се работи за име на некоја торта како онаа црнец без јајца?
Ако те интересира, оди во темата и читај, оти таму се објасни ситуација. Овде ете некстред може само избрани скриншотови да ти постира и да добиеш погрешна слика.