Многу се нафрли на @Bridget ко за член што не ја сретнал никаде низ темите и сега само случајно прочита за неа нешто прераскажано. Џабе бараш администратори и модератори, да требало, ќе ја банираа уште тогаш. А ја има на листата, затоа што ние членовите сме ја номинирале и ние одлучуваме кој ќе биде на листата, нема тие што да дозволат или забранат.
Не знам што ми требаше ( како и секогаш) да си читкам кој што пишува. Лани беше интересно да се чита, годинава разбрав дека има 2 клана, за жал не сум член на ниту еден. Ама одам накај 40ка па ќе ги посетам наскоро . Имено, мубаетов ми е дека "кланов" од 40ка го имам читано по темине за свекрвиштана и золви, снаи и што ти не. Вие другиве помладиве да речам, по темине за секс и разни "револуции' кои никогаш не започнале и сл. Така да гласајте за некој од срце и душа. И никој еве не кажа од ДИК каква е излезеноста во 20 часот. Ве молам тоа се мн битни информации Нека победи најдобриот.
Моменталната состојба е следна: На останатите позиции: 4. @Ugly Duckling (103) 5. @Mantub (96) 6. @Feminka22 (84) 7. @Billy Idol (76) 8. @cresa-jagoda (62) 9. @theowndemon (54) 10. @Cosmic Girl (52) Гласањето трае до 30.12.22, 02:13 часот, остварете го во предвиденото време вашето гласачко право.
Многу е лесно да дознаеш кој член каде пишувал. Одете во пораки на аватарот на членот и излегуваат сите мислења. Или на одредена тема во лупата. Ама мрзата и полесниот пат преку скрин шотови ви ги гради мислењата за одреден член. Бриџа годинава си гази и ќе си победи со стил по сѐ изгледа. А вие продолжете со муабетот дали требало или не требало.
Секакви, сега не знам дали треба да ти посочам конкретно или општо? Еве ти си поактива од мене, кажи која започнала? Го ставив под наводници , дека не мислам на конкретни револуции, туку на оние -цитирам- ајде да се собереме за ова ( име на нешто), ајде да се собереме да се буниме за ова ( име на нешто). И така.
Само на форумот чиста дрскост може да се смета за некоја добра карактеристика, покрај толку членови кои квалитетно го искажуваат своето мислење. Буквално имам подзастанато на мислењата на Бриџет колку се невкусно безобразни, и да, ја имам сретнувано во секакви теми и во секоја е некултурна. И има уште една таква членка на листата, не знам на кои дроги е форумот, најсериозно. Ако толку мислите дека е заслужено да води некој само пошто има храброст да вреѓа, океј.
И според мене бриџет е предрска без потреба и не мислам дека треба да биде на прво место. Мене ми се чини дека повеќе намерно пишува така, т.е. игра улога за да биде кул и посебна зашто тоа (за жал) се цени на форумов, да немаш влакна на јазик...што најчесто е само код за немање емпатија и основна култура. А искрено има и подрски од нејзе, ама тек кога ќе се вжешти дискусија и кажуваат стварно многу лоши работи. Е сега дека има квалитетни и паметни мислења, има. Затоа не ми пречи што е на листава иако јас лично не ја гласав, бидејќи ако гледаме објективно има оставено некаков белег на форумов. Некогаш кога ја читам превртувам очи ама па не можам да кажам дека нема напишано предобри мислења кои слободно може да се сместат во едни од подобрите на форумот. Spoiler Може сум контрадикторна, ама ај кој ме сфати ме сфати.
Очигледно не се гледа општо активност. Пошо темата е ,,форумџика на годината” значи треба да си активен цела година, да пишуваш мислења у различни теми. Тоа шо има Бриџет највише гласови е бидејќи има највеќе поддршка. А јас реално ретко ја читам по темиве. Ретко. Пример КатеКане бар, сегде пишуваше цела година, и тоа активно пишување, некогаш и реферати имаше. Ако више ,,мора” да е некој од 40ка, бар КатеКане нека е. жената се утепа од куцање годинава Не дека сум љубоморна, ама сериозно. И мене ме има у сите теми, годинава пишував доста. Од СДК до шминки, политика, религија, уште во бебе шо не пишував. Ама тоа нема везе изгледа Може да се пројде и со 10% еффорт
Ме интересира дали ќе добиеше вака поддршка и ветар у леџа ако не пишуваше во најдоминантна тема тукa. Same old, same old, boring
Кога ќе почне да се цени квалитет пред квантитет тогаш и може ќе почнеме да зборуваме за напредок . Општо во сите свери на државата не само на форумов.
Ми текна за лани. Вајлд па друга приказна е. Што запнавте со таа 40 ка, мислете дека од таму ја гласат? Пола членки од таму ги има извреѓано. Нејзе ја има низ форумот, и ја гласаат повеќето , не ја гласа само 40 ка. Отупевте со таа 40 ка секоја година. Клан бе. Да, Бриџа е провокатор, вреѓа, боцка, ама очигледно тоа им се допаѓа на членовите на форумот, ја номинирале и гласале. Што повеќе се дискутира не знам. Каков квалитет барате на форумот? Секој си гласа по сопствено убедување. Не е ова натпревар за избор на најпаметна форумџика.
Затоа што не е нормално ова ? Да беше некоја членка која никогаш ја немам видено немаше ништо да кажам, што и се има случено една година кога победи - за мене - непозната членка, макар и само членови на 40ка да гласаат. Ама форумџика на година да стои некој што вреѓа на теми кои не се за вреѓање и боцкање? На женски форум? Фуј.
Не не знаеш приватно па да знаеш дали учествуваме во некоја револуција или протест. Не знаеш ни кај идам, ни што организирам, не само за мене, општо за сите. Младите се мотор на форумов. Нема врска дали членот има 20 или 50 години, или ти се допаѓа тоа што го пишува или не. @Lella имаше 16 години па пишуваше постови од кои може вилицата да ти падне колку се добро скоцкани. Јас конкретно од тоа девојче иам многу научено, иако е помлада од мене. Оди види за расизам како збори, мене бар ми има отворено очи за некои постапки што сум ги правела а не биле океј. Младите секогаш носат нова, свежа перспектива на темите, а повозрасните нудат совети од искуство и тоа што животот ги научил на неколку лекции. И кога се презентира некој проблем, 1000 пати е подобро да прочиташ совет и од човек кој гледа на проблемот од еден аспект и од човек кој гледа од друг. Диверзитетот е тоа што го прави форумов тоа што е, и темава може да е мост каде сите може да пишуваме сите и да правиме убава предновогодишна атмосфера, ама нажалост некако тоа никако не се успева.
Бизарно е некој кој вреѓа и е дрзок и безобразен и негативен, да има повеќе гласови од девојка која секогаш е одмерена во зборови, е позитивна и помага за различни проблеми, во различни теми. Пишувала таа во 40ка, како цел форум да е таа тема. Глупости.
Јас пишувам оти ми е мерак, не за да земам титула. Да сакав титула немаше да се откажувам од 2020, две години од натпреваров. Еден вид на дневник ми е, мислите што ми се вртат во глава поубаво ми е тука да си ги кажам. Тек па колку ми олеснува коа ќе се изнапцујам коа сум нешо нервозна, ау. Плус, препрепрекрасни луѓе имам запознато од тука. Последнава група на луѓе со кои контактирам ми се во срце, најубава работа што ми дојде во 2022 ми се. Ниту ми значи нешто титулата, ниту пак планирам да се расправам за неа. Си имам луѓе што си ги читам, си имам место кај што можам да си се искажам и си имам еден куп пријатели истомисленици. Друго апсолутно ништо не ми е битно. Ни титула ни ништо.
Ете ти постирај скриншати да видиме зошто не сме во право. Многу сте ми смешни, "не сте во право постирате само избрани скришнати, ама јас не ви давам да видите каква е реалноста, сами најдете си ако ве интересира."