Нормално Сите пишуваме од ќејф, си пополнуваме време со форумов, се ,,лечиме” овде, се смееме, си отвараме душа. Зборев за у контекст на резултатите. Дека ти многу поише заслужуваш да си на првото место од нејзе
Нема никој потреба да постира овде делови од друга тема. Всушност тоа е и забрането колку што знам. На кој не му чини, дебатата си стои нека си ја прелиста темата да се потсети. Се сложувам дека неколку издржани коментари не го перат безобразието и дрскоста на Бриџа, и точно се чудам како некои членови кои ги сметам за препаметни паѓаат на тоа, нејсе, меѓутоа конкретно за ситуацијата со Вајлд од минатата година, Бриџа не направи ништо како што Вајлд го престави и преувеличи. Ситуацијата евентуално се образложи на крајот.
Вајлд лани таква манипулација направи со мислењето кое е постирано на скриншотот, страшна работа. И најжално од се е што успешно ги изигра сите вадејќи мислења од контекст. Исто како партиите, играше на карта сожалување. Се надевам Бриџит ќе победи и ќе се нервирате .
Колку да се збори нешто. Сѐ на сѐ 30 активни членки се во 40-ка, а некој шо чита првпат на форумов ќе си рече пола форум таму пишува. Ем малку, ем од некоја непозната причина прилично омразени, ама клан биле и сите гласови се од таму
Што е важно колку е некој активен, квалитет, а не квантитет. Пример тебе може цело време те има, но лично повеќето твои мислења сум ги прескокнала, истото секогаш го пишуваш убедување и филмови дека си некој мафијаш од јужни ветар, пцуење, некои тешки филмови што не ми се читаат. Веќе се изјаснив дека Cosmic Girl ми беше фаворит, жал ми е што не доби доволно гласови. Не гласав за Bridget зошто мислев може да се гласа само за еден. Мислењето ми е дека заслужува победа, мило ми е што можеби ќе победи. Не знам какви кавги биле тие, мене ме освои пред некој месец со една дискусија за брак во кое имаше нешто многу прекрасно напишано, го имам прочитано и ми остана во мисла. Поседува многу добар речник, ми остава впечаток на интелигентна и аргументирана личност.
Гласав за @KateKane затоа што некогаш ја читам и се согласувам толку многу што се чувствувам како јас да сум го напишала истото. И да не пишува од кого е, секогаш би ја препознала според мислењето и начинот на пишување. Мојата омилена форумџика. Потоа за @Ugly Duckling затоа што го има целиот пакет, и преубава, преинтелигентна, смирена и одмерена, а сепак со одлична смисла за хумор. Отворам нејзини мислења одма во било која тема. И за @Bridget иако е премногу кул за да пише во темава, а на крај ќе победи. Еднаш пред сто години ме искара за нешто во дискусија, па и после толку време многу често “во живо” ми текнува на нејзината критика. Ме изнервира во моментот, ама тоа беше најдобрата конструктивна критика што сум ја добила, и сега внимавам во дебати. Да можеше да се гласа за повеќе членови ќе гласав за уште 3.
Да бе, за момент помислив дека се борат за наследник на кралицата Елизабета, не за форумџика на годината.
Да видам блиска особа на 40+ години да се однесува како дотичната - односно напернато, дрско, арогантно и 24/7 да е спремна да буцка кавга, стварно ќе се запрашам зошто е толку несреќна во животот. Едноставно не ми е јасно како може жена која константно е дрска, арогантна и потајно вреѓа и исмејува други жени да биде најгласана. Не знаев дека постои до сега, ама откако прочитав нејзини мислења подобро и да не знаев дека постои.
Те читам и се чудам. Освен за тоа каква била бриџит, друго нешто да кажеш немаш? Боже господе со што се замараш. Што те толку погаѓа,не знам. Не ни гласам, ниту па ме интересира која ќе победи, а уште помалку па зошто некоја не заслужува да победи
ама бриџит не е 40 + помлада е Па во 40 ката пишаат мн млади членови.Јас на 26-27 почнав таму да пишувам
Ќе гласам единствено за Cosmic girl - одмерена, учтива, смирена и објективна членка, остатокот или не ги сретнувам често за да ја одбележале годината, или no comment, или и двете.
А тебе што се засега јас што пишувам? Зарем форумџика на годината не треба да биде некоја за приемер? Ако гледаме пример треба значи сите да сме арогантни една со друга, да се исмејуваме една со друго и сл.
Ние вака, "теткиците" од темата 40, вадиме жива, лечиме стерилитет, курје око и од уплав баеме. Шо мислите вие бе, Зајко, ГрујКо и Мицко кој ги шалта на позиција? Па нормално, 40ка од Фемина. Па и струјата и парното и горивото ради нас се поскапе. Па после секта, не сме ние секта, ние сме институција за лекување и благосостојба Секта, мех, Врт, заврт, сите ќе ни дојдете Ај да се самоиспратам Го тим @NarCis@
Како за некој што е тука 5 месеци некако многу си упатена во форумот. Или ова некој дупол профил ти е.