Скриншотите се ставени за да се потврди дека @staycalm не е единствен кој знае што се случи тогаш. Кога нечии мислења чинат, остануваат.Кога членка не вреѓа, не се сити, не посакува лошо на друга, не добива бан. Мислењата ѝ ги бришат и добива бан кога претерува.Тоа се случи. Џабе се обидувате да ја извртите темата и џабе ја браните. Бриџит се однесува дрско и навредува многу членки.И порано од таа дискусија требаше да добие бан. Да, администратори на форум со име Фемина не треба да дозволуваат членка која е позната по вреѓање и ситење да биде на листа за гласање.Не само Бриџит, туку и други кои беа на листите претходните години. Следува мој коментар за оние кои заслужено се на листава. Били секогаш е спремен да даде совет каков уред за што е најдобар и како може да се поправи уред кој не функционира правилно.Активен е во речиси сите теми и се познава дека има знаење и од други области. Космик Грл е супер членка.Една од тие кои секогаш даваат најдобри совети.Не се прави сезнајка, прифаќа контра мислења. Цреша Јагода не е толку активна, но ја има во темите.Прати и кога враќа, разумно враќа. Феминка22 е бунтовна, на моменти и дрска.Ама, сепак девојката покажува дека има мера и граница. Кејт или Ката е редовно активна.Има одличен хумор. Сака да муабети со сите.Секогаш има добростоечки аргументи. Димн исто е редовно активна.Се труди да ги разбере мислењата пред да цитира.И она разумно враќа.Баш личност која можеш да ја наречеш другарка. Даки не треба да се нарекува Агли оти не е.Остава впечаток на едно шај и добро девојче. Сумирано, наведените член и членки имаат цврсти ставови.Немам видено тешки навреди и ситење од нивна страна.Имаат доволно емпатија со која докажуваат дека заслужуваат место на листава. Е, сега за двете членки за кои не сум целосно против, но не сум ни целосно за. Нарциса и Мантуб ги има и во други теми. Се случува и тие да претераат.Извртување на мислењата на помлади членки и постојана употреба на потсмев не е квалитетна дискусија.
Кажав и лани, ќе кажам и годинава. Ако не бевте сведок на мислењето на Бриџит, навистина нема потреба да се зазема страна и стварно е невкусно да кажувате дека е преувеличување, вадење од контекст и манипулација, посебно кога станува збор за толку сензитивна тема.
Види јас и ти може да не ја сакаме, ама мнозинството ја сака и сака да ја чита. Конкретно ниту ја номинирав ниту ја гласав, ама тоа не ми дава за право да коментирам зошто тоа некој го правел. Низ годините победувале секакви членки, јас како што знам критериуми нема. Лани Вјалд победи. Членка која исто има извреѓано пола форум. Така да, членовите си бираат, секој си гласа по сопствено убедување.
Оваа агли дакинг ми е исто ко ученицине од школо што постојано се жалеа дека ништо немаат научено и не се спремни за тест и на крај стално 5ки добиваа.
Точно. А пола се и скарани со Бриџа. Јас тврдам дека од 40 ка има најмалку гласови. Цела листа млади, ама и запнаа на 40 ка. Едно време скокаа од мајчински зошто имало. Ај ако не, само од ќошето ќе номинираме, демек они се најквалитетни. Лета младината уште
Муабетот од тогаш е нормално избришан но јас точно се сеќавам што кажа, ништо не и беше извадено од контекст на Бриџит. Да не ме разберете погрешно, јас не сум "заљубена" во вајлд па да ја бранам... Напротив во таа тема имав жестока кавга со неа. Го пишувам постов чисто објективно.... Имено, Вајлд жестоко ги бранеше мигрантите од Авганистан и бараше емпатија кон тие луѓе. На тоа, ценетата Бриџа пиша: Тебе малку ти беше изгледа едно силување, сакаш уште! Алудирајќи на тоа дека овие мигранти ќе прават зулуми овде. Како што кажав предходно и јас бев против ставот на Вајлд и се согласував со поентата на Бриџит, но не и со начинот на обраќање. Дека пишува само во 40ка и тоа е точно, а за ароганцијата да не почнувам. Немам против никого ништо, поздрав. Нека победи најдобрата.
Темава е уствари олицетворение на вистински избори у државава. На прилично сличен начин се кандидираат и се гласа за кандидати. Bridget stans come for me. I don't care.
Сакаш догодина у пакет да идеме јас и ти? Уште тој циркус го немало Реално и без избори драма правиме кога ќе се најдеме по темиве, шо па да не за избори
Хелоу Бичес. Во гужва сум (уживање) и ќе бидам до наш Божиќ, така да, сега да чкртнам збор-два. Во случај да победам што чисто сумљам после минусирање на гласовите од подземјето, титулата и наградата сосем заслужено ја предавам на @KateKane. Секако дека сум заслужила барем една година да сум и официјално the best of the best но 2022 не. Не пишував многу низ разни теми и треба да се признаваат членки кога се најмногу активни, не кога ќе се преселат во темата за бабите . Да не и се случи исто и на Ката, заслужува сега да добие, во екот на популарноста. Мемињата за Мицко и Вучко нема вечно да се смешни Инаку, to be fair, не ни гледав дискусии надвор од 40ка толку вредни за ука и бука годинава да посака човек да се активира, али нека ви биде. И то. Среќна Нова година, среќни празници, сите ве сакам
А тоа не значи дека и' кажала дека треба пак да и' се случи истото, најмалку па дека и' го посакува тоа. Сега кога го напиша, се потсетив дека така беше. Вадење од контекст и тоа како. Коментарот не е ,,пак да ти се случи'', коментарот е ,,што ќе ти се мигранти кои се закана за нашата безбедност''.
Погоре пишав дека ја разбрав поентата и се согласив со неа.... Но реченицата беше точно ко што пишав, нема потреба мислам сега да размислувам што сакала да каже.... Имам друга работа. Кажа таа ко што кажа, а што мислела со тоа не објасни, ниту пак се извини. Адио, отидов...
Де мор Бриџо, арно пиша, се исплашив дека нѐ гледаш некаде од горе, (или од долу) и ни се смееш Среќна и тебе
Епа затоа брзо се суди и се сфаќа погрешно, од тоа немање време да размислиме што сакал некој да каже, па треба да се врати да дообјасни, оти една реченица не разбираме. Тоа ми е најдосадно и најглупо, кога морало да објаснувам поента по неколку пати оти не ја сфатиле од прва, а е толку едноставно. Е тоа зошто така се изразила, затоа што Бриџа е тоа, директно и прецизно.
Во недостиг на драми годинава, пошто форумот е умрено ( ко што рече @Celltica ) ќе рециклираме драми од лани...