Родена БТ од бебе Ск живеам, Ск лична карта имам.. во кои влегувам? Скопјанки или провинцијалки? За да знам дали да ловам туѓи мажи вечер со акцент или на скопски.
Глеам драматизирате, шо кажала Бриџа. Бриџа има муда да каже тоа шо другите мислат, ама за да бидат "сакани" и "прифатени" нема да го кажат. Со истава сум имала безброј "карања" по форумов, ВАУ ЗАМИСЛЕТЕ, не во 40ка туку во други теми, и многу пати не сум се согласила, ама за почит е бе некој да ти плесне и каже шо мисли. И СИТЕ до еден во некоја тема сме и дискриминатори, не се мавајте во гради со толку чисти срца. Тоа шо некои работи не ги кажувате, или не сакате да ги кажете за да не ви се нафрлат, не значи дека сте баш толку цвеќиња. Ако нешо почитувам на форум, почитувам дискусија, оти ТОА Е ПОЕНТАТА, а не да се тапшаме по рамо колку сме сите срцки, предомаќинки, најмајки и истовремено најопен мајндед и истовремено на мравка не газиме. Олабајте се. Бриџа знае да е сурова и да претера, и конкретно на темата за бегалците не се сложувам со неа, ама 80% од луѓево реално истото го мислеа. Позз, мило ми беше, кенкајте и даље.
Болдот. Да точно, ама некогаш треба да имаш граници и да знаеш за стоп. Не секогаш се кажува се. Или кажи, ама одбери начин, оти на другата страна има сепак човек. Многу често претерува. Но ете денес, се пишуваат страници, се дискутира, она дојде и кратко кажа што требаше. Кој разбра, разбра. Чисто се сомневам дека и во реалноста е таква.
Бљак. Читајќи ги мислењата што преовладуваат на темава, ако не и на цел форум имам само да кажам дека форумов ќе пропадне ко Кајгана, како тргнало Јас гледајќи го пропастот: Спојлер Бриџет ќе победи иначе и ќе глуми скромна, па ќе ја нема да пише на темата 1 недела дека нели недостижна, можно е да не ја земе наградата за да продолжи да си ја гради сликата за неа...
Значи вака, @Ugly Duckling не става џабе слики во модни, ја гледаат неа низ Битола, она пробува на скопски пазар да се пробие. @theowndemon цело време кажува дека е сингл, значи и таа се рекламира за Ск, е за @nena2010 не знам, она повеќе накај Турција влече. Ама има и Скопјанки што се пробуваат за меѓународен пазар, глејте ја @KateKane како се пробува кај синот на @LejlaD , изгорена е за Аустрејлија. Тешко на Лејла со таква снаа што пцуе, ќе ја срами секаде. Кате немој да се лутиш.
Хмм не го очекував ова мислење од тебе, зашто те имам среќавано по темиве каде што ти пречеле навреди, дискриминации или ~фобии. А сега ова ти е океј. Не знам, мене не ми е многу битно нешто што било кажано во 2021 особено зашто не сум ни читала тогаш, ама па не мора уште да се пере и да се оправдува, кога не е за оправдување. Разбирам, комуницираш со некој повеќе и се поштуваш, сигурно нема да го ругаш на форум, ама пак....може и да се преќути.
Вакви коментари дека ќе пропадне форумот има со години, па еве уште е тука. Не пропаѓа, жени се во прашање
Па лани Валјд не си ја зеде наградата и сеа шо? Сигурно форумов ќе пропадне пошо нема да победи таа шо сакаш ти.
Еј Кате! Сино земај го ама свекрвата остај ми ја! Си ја побарав свекрвата уште пред месеци! Инаку апсолутно идам мажи да крадам. Само скопјани со тапија дејтам и стан над 100 квадрати. Не си ни играм мајтап, последниов со сопствен бизнис и куќа на три спрата. Штета шо ми здосади. Следно на поголемо одиме.
Спиј си ти на едно уво, Кате си прави бизнис со Лејла во 40ка, пак ти пишувај ФМЌ. Инаку за дечкото од Ск голема шанса си пропуштила, штета.
Лаги! Кај вас идам 1 месечно ве поздравувам, ФМЌ одам еднаш годишно! Абе и јас така помислив за дечково, другарките беа разочарани ко преќинав, ама не можам против потребата за постојано нешто интересно во врска. Тешко нив за пари ме дадоја а јас само барав некој 40% токсичен за да ми е интересно. Ццц.
Ако пропадне форумов тоа сигурно нема да е од дискусии како на Бриџа, туку од едни те исти слики од манџи.