Да го пишеше некој друг мислењето за силување на клада ќе го ставевте, ама пошто она си е таква дрска, сега ќе се релативизира и ќе биде ама она не го мислела така, вие си драматизирате, го вадите надвор од контекст, вајлд го изврте муабетот, жртва се правеше. Ама возрасни жени сте, вие си знаете што оправдувате. @theowndemon скопска снаа си веќе, седи мирна.
Со Бриџа нигде освен на форумов не комуницирам, нит имам поима која е жената. Лично ме има навредено, некад сама преправила мислење, некад сум пријавила мислење и и' било избришано, и толку. Нема да квичам со години зашо замисли ме навредила. Аман од спешл сноуфлејкс. Сите што активно дебатираат (многу битно е ова) ќе се најдат во ситуација да се навредат или да навредат, некогаш намерно, некогаш случајно, а некогаш и ќе им се извртат зборовите. Тие шо го сфаќаат форумот како место за "дојдов и си кажав зашо ме цитирате зашо ме убедувате секој си има право на мислење" ја промашиле поентата на постоењето на форумите. Секогаш ќе гласам директни и ќе почитувам директни. Исто како и во реалниот живот, бегам од политички коректни Можам да не се согласам со мислење (и со Бриџит често не се согласувам, оттаму де и "карањата"), ама пре би да се "ругам" со некого, него лицемерно срцкасти да ми се. Ни јас не сум активна повеќе од година, а сум член од 2015, така што моето мислење за Бриџа не е формирано ни лани, ни годинава. Преференци. П.С. Колку навреди се завиени така фино, обоени со фини зборови, за фино до срж да те погодат и заболат, а да не можеш ни да се пожалиш. Од тие таквите бегам, та форумски, та надвор.
Вознемирена сум поради нападот од жени, бидејќи не и давам поддршка на жена - која е против жени. Не ми се верува како група од жени ја идеализираат дотичната до бескрај. Премногу срамно изгледа од страна однесување на возрасна жена кое е арогантно и дрско према 95% од членовите овде. Никаква почит и разбирање. И не, не се тоа фини, кратки и скоцкани постови. Напротив, неколку арогантни зборови упатени до некој безпотребно. *Некој спомна дека не била 40+ туку била помлада и што? Ако е помлада и дава тоа право да посака на друга членка да биде силувана? Не ја обожавам Вајлд, 50-50 сум со нејзините мислења, но тоа што го напишала Бриџа е крајно безобразно и психопстски. И да, така ја замислував. Глумење рамнодушност. Демек со денови не пишува и чита, откако се спомна во темата - веднаш се појави. Па лигавење како таа уживала. Да уживаше колку што пишуваше, немаше ниту да виде дека овде некој ја спомнал. Па откако ќе победе ќе чека 10тина дена демек не видела воопшто дека победила. Исто како 13годишни што чекаат да помине некое време за да вратат на порака на симпатија бидејќи се желни за внимание.
Жал ми е за вознемиреноста. Не знам како да помогнам, ама фините не се "мои" луѓе. Боље кажи Камелија пер сереш, него да земеш да ме џавкаш по пп. И не знам Кечап од кај си, колку што знам (ако грешам извини), спаѓаш во лгбт, "пер" е скопски "брат" и да, не дискриминирам лгбт и на другарите и другарките им се обраќам со "пер".
На форумот паѓаат поголеми навреди, ама вие се фативте за Бриџит и Вајлд. Вајлд толку знае да претера, не велам дека заслужила, ама она едно цвеќе што е. И лани пишав и сега, убаво би било на секоја навреда и неправда вака да реагирате.
Никој од нас не е во реалноста каков што е овде. Ниту е потребно да биде. Затоа имаме никови, псевдоними, не се регистрираме со ембг.
Уште колку со газолижењево на Бриџа? Уште пофани што Бриџа мува не ја лази тука што ја браните ко лавици Продолжете.
Значи во секоја расправија што те имам читано баш ти си политички коректната и некогаш спешл сноуфлејк, за какви работи што не се ни толку навредливи те имам читано дека се буниш, но ти ги почитувам мислењата бидејќи често се сложувам со тебе. Нешо не ми се совпаѓа тука, ама ај добро, се менуваат мислења, можда и ти си сменила некои погледи итн...не дека ми е битно, само ме изненади.
Да не ја должам, ама сме, еден дел од нас е овде. Може не пишуваме се и сешто за нас, ама една личност сме. Јас лично не верувам дека е волку дрска и безобразна и надвор. Манфистира дел од себе кој во реалноста не би поминал. На тоа мислев.
Ама тоа е ваш избор бе Јуле. Може нема да "и' помине" ама неважно е каква е надвор од форум. Ирелевантно е. Дали овде знае да дискутира? Знае. Дали е елоквентна, писмена, аргументира? Да. Ете мене тоа ми значи за некој ФОРУМСКИ ЧЛЕН да почитувам. Може монахиња е приватно, ама, не ми е гајле што е приватно
Бла бла бла Ќе пукнете што Бриџа води Контра кампањава повеќе за вас кажува, отколку што Бриџа има кажано низ годиниве на форумов. Исто така, ќе ве молам волку да се замарате за кого гласате на локални и парламентарни избори.
мене ми е најсмешна контрадикторноста. Она кога кажува што мисли без влакна на јазикот е супер, вау, бар не е лицемрена Јас бар, кога зборам исто без осет, сум безобразна не ми смета, секој си има створено субјективно мислење, и не мислам никого да разубедувам, ама смешно е и глупо. И за Вајлд исто еднаш имаше таков муабет за у секс темите демек свашта зборела и? секој си има свој стил на говорење, некој е погруб, некој пишува сатирично итн
Па ти не си од 40ка. Секако дека си дрска и безобразна. Не знам зошто зборуваш за тоа, невоспитана Кога ќе дојдеш и ти на 35-40 ќе бидеш супер кул женка со скоцкани и кратки постови.
Каме мислам јасна бев дека мене не ми смета дали води или не, мнозинството ја гласа. Само коментирам за нејзиниот став овде. Аргументирано дискутира? Не знам баш. Има доста членки кои си дискутираат реално, објективно, без влакна на јазик. Бриџа во голем дел вреѓа и провоцира. Ама ако некому тоа му е во ред, ок е. Мене ми е смешно што неколку членови денес буквално се напнаа зошто нејзе ја гласале. Значи кој кого сака тој ќе си го гласа.
И аргументирани постови. Дека досега не ги утепував со аргументи кај стигнам, поготово у Црна Хроника.
Има голема разлика меѓу тебе и Bridget. Забележав дека имаш голема желба за победа, ти значи натпреварот, искрена си околу тоа и за тоа те ценам за искреноста, не глумиш скромност. Пред малку те читав во сакам да кажам, мислењата ти се на ниво на средношколка, додека Bridget пишува многу сериозно и аргументирано. Мислењата ти се неуредни, делуваат по малку неписмени, многу пишано, малку кажано. Не гледам зошто се споредуваш. Годините и искуството сигурно го прават своето. Bridget ми остава впечаток на некоја тетка, роднина што ќе ти ги отвори очите и искрено ќе ти каже вака и така е. Колку и да е сурово, не е злонамерно нејзиното. Совети со голема тежина дава.
Па еве ако прочита што напишав за тебе конкретно, ќе сфатеше дека мислам дека си многу млада, бунтовна и без причина, избрзуваш, фураш некој мафијашки филм, ама па ова ти го препишувам на младоста. Мислам дека си паметна и дека ако работиш на себе ќе станеш возрасна зрела личност која може да го менува светот. Не е лицемерие, него искуство во изразување кај што некои имаат 20 години повеќе стаж од тебе. Ти често ја губиш поентата и делуваш дрско затоа што не размислуваш како да го срочиш тоа што сакаш да го кажеш; ама пак, расти, работи на себе, и имаш се' што треба да си од оние кои ќе го менуваат светот. Без конформисти нема да постоиме, ама без неконформисти нема да мрднеме од место