Ти кој вокреснат член си од 40 ка која денес напна со темата и Бриџа. Цела листа ви е ќоше, ама тупете цел ден со 40 ка. Осеќам станувате и легнувате со 40 ка.
Тоа е разликата. Што многу ја идеализирате Бриџа. Феминка кажува што мисли, но ме вреѓа никого. Не се однесува безобразно и дрско. За разлика од идолот на многу жени овде која навредува и се однесува арогантно до бескрај.
Ајде сега, напад кон Феминка. Пишав прееска, знае да биде дрска, но знае и до кај ѝ е границата. Не сум ја видела да се сити на сензитивна тема.
Ако некој користи вулгарен речник а притоа има аргументирани мислења автоматски пцовките се неутрализираат, ако само онака пцуеш без поента тоа поише на осуда ќе наиде.
Точно Кога пишувам не знам да е со две реченици, туку се расплинувам. Тоа ми е веќе проблем. Не го правам од ќејф. И во приватен живот не знам да се објаснам со два збора освен ако не сакам да откачам некој. Не ми е за јас да тепам, ја секако сум далеку од тоа, и не ми смета што нема да победам. Ми е гајле. Не ми зависи животот од форумов и да бидам ФНГ. Само зборев за контрадикторноста. Пошто е глупо некого да наречеш невоспитан, а друг да е Господ. И ова е сѐ точно А што ви е тоа ,,мафијашки филм” не знам. Пошто ја не сум у ниеден филм, амсне ме ни знаете лично за да знаете дека сум стварно таква. И бунтовна и избувлива. И тоа шо зборам такви некои муабети е резултат на мојот карактер и моето јас надвор од форумов. А знам колку можам и шо можам. Пошто ми работи мозокот Сепак, фала за комплиментите и критиките не, факт е дека некад сум дрска, ама тоа е пошто не знам со циле миле да зборам. Сакам еве како и првите две членки шо ги цитирав, да се каже јасно и гласно во лице. Затоа и делувам безобразно. не бирам зборови, ни во приватен живот, ни овде. Ако некој не може да се носи со тоа, не е мој проблем. Големи сме сите
Добро и? што ти е поентата? Што сакам ќе пишувам, форум е. Ако пишувам за некоја од 40ка не значи дека сум била дел од тој клан. 100пати кажав дека со години го следам форумот, дотичната не ја приметив ниту еднаш во интересни теми. И не сум воскресната, како и да е реин е известена .
Ај бе нека победи еднаш Бриџит и да продолжиме со животот пошо секоја година вака ќе биде сѐ од почеток и ќе стане досадно, веќе е малку.
Не знам што толку паметно кажала или сум испуштила од неа можеби во некои теми каде не сум читала. Ја прескокнувам често, а Bridget секогаш сум ја читала до крај. Не е толку дете, неколку години можеби е помала од мене, нема врска со годините, само не ми се допаѓаат нејзините ставови. Има и други млади девојки на листата, Ugly Duckling е секогаш културна и фина, убаво се изразува, делува зрело, само повеќе ми е девојка за модни совети во споредба со Bridget. 2 млади девојки ако споредиме од листата, пак има разлика. Нема да пишувам повеќе, пола членови не ги знам од листата или не ми привлекле внимание како Bridget и Ugly Ducking, само јас мислам дека победата ќе и биде заслужена. Секој со своето мислење. Не е лошо да биде назначено некаде дека може за 3 да гласаме ние што не знаеме, мака ми е 2 гласа што не искористив.
Ај да се доизјаснам. И не го мислам како навреда. Не е филм како фолирање, туку филм како период од животот кој навистина го живееш и потсетува на "улицата ме воспита, бич худ, шо ми моеш, сите ги знам". Пак ќе кажам, паметна си, бунтовна (тоа е пофалба) и можеш со тој жар кој го имаш во себе многу да направиш, ако научиш да го канализираш, усмериш, а тоа доаѓа со искуство како и се' друго де. Ако не се лажам имаш 20тина години, и само ти објаснувам која е разликата. Уште немаш научено како истото што го кажуваш да го кажеш на начин да те слушаат; а не се сомневам дека ќе научиш. Не те критикувам, само ти објаснувам бидејќи ме потсеќаш доста на мене во средно
Океј реално у право е ова @Feminka22. Да збореше малку посмирено и да не се силиш со тепање во секој трет пост и јас ќе те гласав.