Ти време е да почнеш да пишуваш со другиот ник. Не се возбудувај толку. Ако беше небитно гласање на факинг фемина форум,зошто имаше потреба да се вадат скриншоти стари една година за таква една црна мрзителка на жени Бриџит,па и на нас останатите срам да ни е што сме ја гласале.
Затоа што според мене Бриџит НЕ ја навреди Вајлд. Сметам дека беше невкусно и подобро ништо да не кажеше, ама дефинитивно не и' посака да ја силуваат и слично. Барем не од тоа што јас го прочитав. И искрено нешто? Дури и да немав прочитано ни збор од цела дискусија (во која да повторам, не се согласувам со ставовите на Бриџет, а се согласувам со Вајлд), некој да ми кажеше "Вајлд е навредена", прво ќе помислев дека претерала или извадила од контекст кажано.
Не е.Таа доби бан за тоа. И да, САКАМЕ Кате да победи. Зошто? Бидејќи Кате има емпатија.Не се сити на жртви. Бидејќи секаде ја има и аргументите ѝ држат вода. Бидејќи е дружељубива.
@Angie1432 да се дополнам вака оти има веќе коментари после мојот. Бриџит искористи ад хоминем напад и со право беше банирана, меѓутоа не и' посака на Вајлд да биде силувана, не беше тоа ни најмалку поентата на мислењето. И не, не би поддржала никој што посакува силување, и не мислам дека Бриџет го посака тоа.
Според мене беше,добила бан И? Пак прашувам што е поентата ако добила бан и решено е со тоа,сега да ја оцрнувате тука? Супер дружете се и гласајте за Кате,не е тоа спорно,јас Кате не ја сретнувам баш сегде,а пишувам на доста теми, и многу пцовки ми има и затоа не ја гласам. Спорно е што напнавте со оцрнување на членка без потреба и од некоја причина ви се дозволува тоа.
Пак ке речам, тие што ја браните не погледнувајте жртви на силување во лице. Да ве јаде срам кога ќе ги сретнете.
А не е малку премногу драма околу ова? Или јас што сум 40+ не сфаќам колкаво достигнување на некој може да биде Фемина форумџика на годината? Па не е Нобелова награда бе луѓе. Релакс. Форум е забава, пиши помини и готово.. не е живот.
@CameliaMiller, скроз утнуваш поента. Не станува збор за финоќа, или некој што е сурово реален. Станува збор за проблем, со кој во најголема мера се соочуваат жените и покажување апатија на истиот од жена. Тоа на Бриџит не беше навреда, тоа беше заземање на став против кој сте оделе и ти и членките што те поддржале, во темата за Феминизам. И уште се чудам на твоето кажано: Бриџит кажува тоа што сите го мислиме, ама немаме муда да го кажеме. Не Камелија. Јас не мислам дека луѓето со кои не се сложувам, заслужуваат да поминат низ било какво насилство. Ако вие мислите, така, тогаш што да кажам, освен алал да ви е. @kravce, смешки. Хејт...