Пред некоја година кога победи Каме дадовте два подароци, па таа одлучи на второ пласираната да го подари едниот подарок, на Демонка чинам беше. Пошто Нарциса и Кате се ептен фаворити годинава, предлагам пак да направите така, две поклончиња. Ако тие две се прво и второ место де А ќе се
Па и да не е Нарциса втората.Битно, Кате да е број 1. Доста со постарите.Дајте им простор и на помладите. Има номинирани дами(кашла и им препорачува на други членки да ги номинираат Димн и Шери ) кои заслужуваат поклон кој ќе им го разубави денот.
@RainBow срцето ми прескокна кога ми стигна нотификација од тебе на темава Шала на страна, ептен ми е мило што успевам да ве насмеам. Маж ми вика дека немам добра смисла за хумор Главоболка? Јас не знам баш дал ќе бидам второпласирана, не знам ни дали воопшто ќе бидам пласирана, ама ако има две награди предлагам миксер за малтер и работнички панталони. Ако земе Ката награда, се надевам ќе ме пушти да ги поносам некогаш панталоните. Спојлер: Само за Ката Спојлер: Реков: само за Ката Спојлер: Не е за вас Спојлер: По не знам кој пат: за Ката Спојлер: Като, ти ли си?
Не знам зошто мора секоја година истиот муабет. Постар или помлад, секој има ист простор. Ако моето мислење за некого не го делат повеќето, нема ни да се пласира, а камоли да победи. Ако мислењето го делат повеќето, ќе победи и тоа е тоа. Предлогот ми беше пошто по коментариве највеќе тие две се номинирани па мислев како и пред некоја година што имаше 2 така и сега. Ако не може, не мора, така само спомнав Ако некој сака "простор" ќе се потруди, како може така само помлад е и ајде, сериозна и озбилна работа е ова
Јас ги предложив @Cosmi, поради Украина, затоа што делиме исти ставови, понатаму @Feminka22 затоа што ми се допаѓа нејзината откаченост во позитивна смисла и @Cosmic Girl затоа што ми остави впечаток на многу разумна и разбрана, смирена. Има и многу други што би ги ставила во топ 10 што ми се драги, ама ги номинирав овие три феминки. Има и ликови кои ми се драги, а просто не ни знам дали се машки или женски. Еве за @daylight се си мислам дека е машко, а можеби и грешам.
Јас оваа година не номинирам никого, само ќе гласам ако на листата се најде некој член кој го почитувам #несумљубоморнаштонеменоминиратеменежимисе
@Cosmic Girl @Angie1432 @Ugly Duckling Би го номинирала и @Billy Idol, но верувам дека и годинава го има истиот став како и лани. Мене уште си ми омилен член.
Ти благодарам. Ми значи што имаш такво добро мислење за мене, и тоа во континуитет. Инаку, да, на истиот став сум од лани, не би сакал да бидам номиниран.
@Natali.3 ,@cresa-jagoda ,@theowndemon мојот глас оди за овие феминки ,девојки со среќа ве читам со задоволство ❤️
@Ugly Duckling е всушност убавото лебедче. Креативна, забавна, модерна и мене лично многу мила на форумски начин. @KateKane you go gurl! ( И без тегла корнишони ќе гласам за тебе) @gjoker4e обожавам да те читам, нај hilfsbereit член плус секогаш успеваш да ме насмееш!
Вие надевајте се дека Ката,Селтка или Нарциса ќе победат. Ама после немојте да се чудите кога @Feminka22 че победит. Се шалам секако дека и за нив се надевам да победат.