Честитки @KateKane, нема некој на кого подобро му доликува оваа титула. Имаш страшно инспиративна појава што никој не може да ја замени. Уште долго да ни пишуваш и да ни го разубавуваш форумот. И да не заборавиш дека тука секогаш ќе имаш верни обожаватели кои ќе паѓаат во несвест на секој твој пост (јас).
Де па ти, добро е што стигнаа пред 2023 да го извадат, ајде сега не ги форсирај, стресен ден имаа Кога им отвораат работа овие од твој штаб, шта чеш П.С. Добро се држеше и ти Бриџо, за Ката бев од субјективни причини, ама честитки и до тебе. Очигледно дека џабе ти мрчат по темиве ваква-таква дека си, истите после се залагаат за тебе форумџика на годината да си, има така 3-4 членки што мислев дека сонувам кога почнаа за тебе да се залагаат Кој мајндфак им го правиш на луѓево
Ај напомош денов, за многу години нека е, НАЈЧЕСТИТО @KateKane a.k.a Катерина Мицковска Вучич, не можите да смислите колку ми е преќеф шо победи, Кате е прекрасна личност и имам преголема среќа што ја запознав. Исто така голема чест ми беше да бидам дел од ЛГБТИ лобито и од изборниот штаб на Кате (иако не баш активна во темава), благодарност до сите што гласаа за неа, утре нема да славиме само Нова Година, ќе ја славиме оваа победа. Честитки и до другите кои се најдоа на листата, на некаков начин си оставиле свој белег што било доволно за да се најдат таму. Here's to happier 2023.
Мило ми е за @KateKane со здравје да си го користиш саатот, и да продолжиш да пишуваш такви квалитетни мислења како и до сега . Фаворит ми беше и мене @Feminka22
Честитки Кате! Се' најубаво во Новата Година, тебе и на сите присутни на Фемина, ви посакувам здравје, среќа и блажество... спокој, мир, радост, уживање, љубов, пријателство!
Од штабот на Ката: Честитки @KateKane и во 2023 да те читаме исто така паметна и плус посреќна и заљубена. Со помалку пцуење. Осеќав дека ќе биде тесна трка меѓу тебе и Бриџа, конкуренција и' беше па не можев да гласам за двете. Среќна нова на сите, освен на тие што лаеја за мемињата, би рекла. Ама ај, греота се, и нив нека им е.