Мислам дека треба малце да се подразмислите зошто толку многу членови престанаа да пишуваат и зошто многу од номинираните не ни сакаат да бидат на таа листа. А форумот дека умира е веќе јасно, ама не е само ради ,,претпоставените''.
Па така ми изгледаше. Затоа културно си прашав да средиме ако има некој проблем. Иначе ја може тетка, ама ваков лептир бре ко мене нема друг!!! Нит се расправам нит се замерам со некој. Уста имам јазик немам стварно не знам што може да згрешам. Спојлер Се зезам секако.
Уште ја нема листата? Таман си е темата, нека ги објават па ќе видите драми тогаш. Што се однесува до Bridget, таа е форумџика на сите времиња, таа е форумска легенда, овие избори се ништо за неа.
Многу ретардирани работи читам во последно време на кои не вреди ниту да реплицирам. Еве пред 5 минути прочитав уште една. Од такви прости мислења човек губи желба да пишува, еве ти една од причините зошто форумот "умира". Макар што, не мислам дека умира, овој муабет од кога се тегне па еве не умре форумов, си има активни теми и категории.
Се мислeв која да ја номинирам а да не можат да и наместат победа и се одлучив за: WildMk buba4e89 baba Rada
Ни еден профил не е достапен се уште. П.С. мои две номинирани се на листата, некоја од нив сакам да победи!
Секогаш! Јас оддамна ја пратам на форумов, уште кога беше бремена со првото детенце, имам запамтено и како се вика. Ми има помогнато на некој чуден начин, така да и кај мене е на заслужена листа!
Wow! Од каде јас на листава? Ич не ми се расправа. Туку дали да се активират бабите и тетките од 40 ка, прашање е сега Машала 40 ка рулс
Аиии, @Yowannty колку ми е мило што си на оваа листа, пред некој ден читав твое мислење, умерена, културна, со пример од реалност укажа... @sweet-cherry храбра, борбена девојка која не се предава и цврсто чекори низ животот... @Biljarkata интересна и необична за читање... Заслужена номинација
@Bridget фали во темава, само таа знаеше со нејзиите критики од тотален анонимус да те воздигне на пиедестал па и форумџика на годината да станеш. Бабите веќе се во акција