Од кај знаете дека во 40ка не сме обратни (ова е во хумористичен смисол, не е за навреда кажано, да не се инспирира некој)
Мене годинава ми е едно од потешките гласања. Има минимум 5 членки чие име сакам да го кликнам. Со среќа на сите, а јас одам да решавам равенка со 4 непознати како да сместам 3 гласови за 5 луѓе
Бабите и тетките од +/- 40 , по ново наречени БАБА ТЕТКИ , во "напад" да победи член од нивната "секта" (Гледани со очите на помладите членови) П.С. Изразот баба тетка е од Биби и Боби (не се лутете).
Еј @Biljarkata е номинирана . Билко ќе си те гласам. Шала на страна, некогаш дирекно, некогаш помеѓу редови, умно кажува.
Џули и Јованти годинава Третиот за Џој ќе оди ,на стара слава Убедена сум дека Јованти ќе победи Сосема заслужено
Лбгт лобито никогаш не спие Убава е листата а и банерот богами. Каков е форумов годинава, ма листата е прекрасна
Инаку дојдов да кажам нешто, ама се заборавив тука дистракции има @sweet-cherry од сите на листата, ти си ми најпобедник, зошто си прекрасна, борбена, храбра и најпрекрасна. И победник во животот, не на некоја небитна форумска листа. Ние другите на листата може да ти се фатиме на малото прсте во реален живот, реално стварно не припаѓаш на оваа листа, ти си класи и класи над сите нас остантите. Ете така. Лав ју! За гласање уште мислам кои, имам повеќе драги луѓе во листата
Сакам да се заблагодарам за номинацијатa и сакам да замолам јавно да не бидам гласана, навистина нити очекував и да бидам искрена нити сакав да бидам на листава. Искористете го гласчето за некоја од преостанатите членки
Златна, далеку сум јас од неписмена. Намали со навредите, може? Вака јавно ќе те замолам. Со свои 35 години, најмалку, особено денес ќе се расправам со тебе и ќе се вреѓаме. Оставам на твојата култура понатаму.
Годинава ми е најубава листата откако сум на форумов. Членови со издржани мислења, со кои може да се дискутира зошто размислуваат критички, слушаат и другите што имаат да кажат, знаат да се емпатични, имаат добар хумор итн. Секако, сите си имаат/имаме по некои испади од време на време, ама и тоа е дел од автентичноста . Па, има едно шест, седум за кои би гласала