Ама кај гледате дади против тетки и кој против кого што? А се кладам, @Yowannty и @theowndemon се триипол години разлика, и каква врска има било што од тоа? Димн, дали се идентификуваш како тетка и зошто? Или се идентификуваш како Петар Пан? (синоним за вечно дете, ако добил терминот некое первертирано значење во меѓувреме, се извинувам) Јас мање више од сите убав впечаток имам (мање више, пошто некој пишувал мање више кајшто сум читала, не пошто мање више впечаток)
И мене многу ме занима која е тетката на листата? Ако се Џули и Џој онда со задоволство би била таква тетка за 3 години Биљо дај тебе да те видиме
Дали и кој е тетка е новото ниво на драма? Баба девојка, риба девојка, риба тостер- you can be whatever you want @Celltica
Јас пошто сум зелка по математика, равенката не успеав да ја решам и применив друга тактика - А тоа е гласање според лотарија Ги напишав сите на кои што сакам да им дадам глас, ги свиткав ливчињата, ги измешав и влечев. Не можев поинаку да ве поделам, едноставно не ми даваше душа. Документирав ова, ако мислите дека ве лажам
Јас гласав за @Angie1432 и @theowndemon, реално листава не е страшна годинава и има добар избор, но кога ќе помислам, најмногу можам да се сетам на мислења на овие две членки. Значи, ми оставиле впечаток. Среќно.
Ај сеа да си ги образложам гласовите, а посебен пост ќе напишам и за тие на кои не им се наклони лотото и ќе идам да работам, пошто доста гувеам. @Angie1432 е девојка во која се гледам јас пред неколку години. Буквално кога гледам како размислува, како се изразува, како ја нервира неправда се гледам себеси. Ја има во сите теми, многу често знае да е директна и дури да има изглед тоа на дрскост, меѓутоа зад секој збор стои вистина. Ми се свиѓа што е многу open minded, а најмногу од се ми се свиѓа што не следи слепо ништо во животот, туку цело време прави questioning на секоја тематика. Плус знае и да е самокритична, јас барем ја читам секогаш и можеби она сама не е свесна, ама има огромен growth откако е на форумот. Лани направив foreshadowing дека годинава ќе ја номинираме и гласаме и не погрешив. Вториот глас отиде кај @sweet-cherry. Е со Шери не може да сме поразлични. Шери е премила девојка, девојка која сака со мирно да ги реши конфликтите, секогаш се труди да објасни зошто така мисли, кога ја читам ми има calming ефект. Некогаш сакам да сум повеќе како Шери, да седнам и да размислам зошто нешто треба мирно да го решам, а не само експлозивно да се расправам. Шери е борец, Шери е душа од човек, да требаше да бирам животно на кое ме потсетува - ќе беше куче. Лојална, верна и ќе направи се за луѓето кои ги сака. Шери ми е еден од омилените луѓе општо во животот, не само на форумот. И на крај третиот глас отиде кај @theowndemon. За Демон може до утре да пишувам, ама ќе се трудам да бидам пократка. Демон има причина зошто секоја година влегува во изборот. Демон е човек од кој може да научиш, да се насмееш, да се расположиш, буквално ако се осеќаш како сите бродови да ти потонале, со едно нејзино мислење ќе ти се тргне паметот од тоа што те секирало. Многу малку луѓе го можат тоа, со пишан збор да те однесат во друг свет, плус објективно мислам дека таа највеќе отвора нови теми и се труди максимално за форумов да има нови и активни теми. Демон е човек што кога си среќен ќе ја дели среќата со тебе, кога си тажен и она ќе тагува со тебе, кога чекаш нешто и она ќе чека со тебе. И не знам дали е свесна за ова, ама го имам приметено многу одамна, ама ете, сега сакав да и кажам во случај да не знае. Со среќа нека им е, според мене секоја си е уникатна на свој начин и секоја го краси форумот од различен аспект.
Да ти помогнам малку со предлог. Чекај на крај да гласаш, кога ќе биде тесно ќе знаеш кај треба да штракнеш.
Малце поише ќе да сме разлика. 34 у залез. Не можам веќе ни да ги ставам обратно бројките ко на инста рилови што праат. Шала на страна, ич не ми смета ако некој мисли дека сум тетка. Јас исто на 25 мислев дека тие на 35 се доста повозрасни од реалното. Сега очигледно не мислам веќе така. Ми текнува кога имав 18, ми пријде еден момак, фин, културен, симпатичен. Ама имаше 25 и му реков дека е стар. Аце, ако ме читаш, не мислам више дека беше стар тогаш, не мислам ниту дека си стар сега!!
Стара чупа. Над 25 сме сите реално стари, еднаш ко имав 24, се одлучи дека после 25 сите се стари моми. Јас сум бааѓи над 25. Така да стара чупа И фала за убајте зборој на сите, знајте дека сакам внимание. ова ми е фасадата кај шо неќам да признам дека ме разнежнувате и можда сепак имам чувства.
Денов ми е во еден збор кажано - животот, ама мене форумот ми е бегство од реалноста често, па затоа да се вратиме на темата. Искрено се изненадив што ме има, и да бидам уште поискрена не сум многу среќна од причина што уште на првата страна почнаа да ме вреѓаат и провоцираат. Во таква фаза сум во животот, што искрено не можам да читам вакви работи за себе од причина што реално ми се случуваат некои лични работи и признавам дека сум поемотивна. Затоа и ќе пробам да не се расправам и докажувам, на крајот од денот си ја знам својата вредност и би се докажувала и објаснувала само онаму каде што навистина треба. Би рекла, ќе се поштедам себе си. Нејсе, сеедно овде сум, кој сака нека гласа, штом сум се нашла таму, некому му се допаѓам како лик. Лично годинава листата ми е ок. Секоја членка која е на листата има своја вредност. И мене ми е навистина тешко да гласам. Имам мислам пет членки за кои би гласала. И искрено се мислам за која. Па нека ни е со среќа
Жалам што ќе се убацам у темава, само да прашам дали @sweet-cherry уште е во бизнисот со Спојлер мишки . Ако победиш дали очекуваш сите да ти пратиме слика од нашите Спојлер мишки ?