Џули тие за Велигден ги прави, традиционално Може сега ќе направи исклучок, па и за изборот ќе ги смучка
Гласав за тие што ми се познати, што сум ги прочитала низ форумот некогаш во некоја тема.. Повеќето прв пат сега ги гледам..
Јас сакам да те читам, твоите постови во бебешки честопати ми даваа храброст и утеха кога бев тотално изгубена. На други теми знаеш да си забавна и опуштена, на посериозни теми имаш добри мислења, знаеш да си строга кога треба, но сметам и дека имаш open mind. Малку контратежа на провокациите
Слаб избор, повеќето од нив беа номинирани и изминатите години. Мислам дека поинтересно ќе беше ако секоја година различни членови се номинираат. Приметувам дека полека популарноста на форумот избледува. Активни членови се банирани или сами престанаа да пишуваат гледајќи го селективното однесување на модераторите, или едноставно обврските си го прават своето. Подобро сите номинирани нека си добијат поклон бидејќи колку толку уште придонесуваат за форумот. Тимот на фемина нека си размислат со кои новитети ќе ги задржат старите членови и ќе привлечат нови.
Се сложувам дека на Фемина и треба новитети,како на пример да стават гифови,а не да мораме да ги копираме па ставаме тука
Не дека сум нешто посебно тука периодов, ама и кога доаѓам ги читам тие шо ги номинирав, кои секако дека се на листата. @theowndemon @Celltica @Angie1432 Со среќа на сите, ама малку повеќе на моите номинирани.
Толку те почитувам што ова што си ме номинирала и гласала ми значи повеќе од гласови од 1000 рандом луѓе
Е 71 глас, некој ме преварил го/ја имал/а истото мислење како мене кога го прочитале коментарот твој.
Кај пишуваат номинираниве? just asking, Angie сум ја среќавала и Biljarkata, другиве прв пат ги гледам.
Боже боже какви недругарки! Таман си е темата. Среќа уште никој не извадил прљав веш каков цветич за мирисање не сум била.
Не предизвикувај. Јуле и Димн ги има во скоро секоја категорија. Не се најредовни, но не се ни ретки. Свит Шери и Селтика ги има поретко, ама и они пишуваат во разни категории. Јованти, Ирббб и Нарциса ги има најмногу во 40ка и мамичка темите Спојлер не се тригирајте-немам ништо против тие теми, само го пишав како назив за да не ги редам сите категории во кои ги има темите , ретко во другите. Ако сите овие не ги гледаш, барај ги во трачарските теми. Спојлер Што не е за замерување, на сите ни е досадно одреден период од денот и ноќта.