Сакаат ние кловнови да изиграваме, за нив да им е интересно Изминативе години штабови имаше, а секоја членка портпарол. @Sesil се јавуваше директно и рачно го броеше секој глас. Сега само сеир фаќате, а луѓето на листата гинат за вас. Ц ц ц. Затворете го гласањето, Јованти уште од прв ден убедливо води. Зошто да чекаме на 30-ти да славиме, кога може уште од денес да почнеме? Донесете шо имате по дома. Јас бургери од 7-ца, @JuLleE лепенки нека даде, @theowndemon мачките и кучињата нека ги донесе (нема да ги зготвиме, само за друштво), @Celltica нека ја донесе @KateKane
После немало посетеност Делимано, ДМ, Техномаркет, 7-ца, Стокомак, сѐ ќе има, само посетете нѐ на темава. И Бриџа ќе ја вратиме наредна година. Нека се лути колку сака она, мене нема да ме одбие (кажа со сигурност во гласот, но сомнеж во срцето...)
Јас сесре за јадењето прва сум, да викате Со кашкавал и маслинки мојот тост, сувомеснато да нема, фала многу.
А бе седмица, тос, чипс… благо што ќе има??? Никој во предизборната кампања на благо не помисли… каква дискриминација на љубителите на шеќерот…
И лепенки и кремшита давам И сладолед од ф’стк, или со солена карамела Или од лаванда. А што има еден со ореви и урми, оргазам е Само гласај ти
Дојдов да ви помогнам да ја разбиеме клетвата што паднала врз форумов, бидејќи гледам дека замаглени ви се очите и тастатурите и маусот и едноставно нели...ако продолжи вака, форумот нема иднина... 5 години по ред кандидат бр. 9 е кандидат за избор на најдобра форумџика и 5 години по ред не ја изгласувате за победник. Ова ви е шанса да ја исправите неправдата. Како што можете да забележите секоја година изборите се помонотони, ви е досадно, и се лажете на едноставните подароци што ви се нудат, но никогаш не ги добивате. Статистички ако се осврнеме на придонесите на кандидат бр.9: -168514 мислења -3276 отворени теми -Донации во сите теми -Трпеливост да не се расправа со сваштарии и секакви - Божиќни колачи (во кои оваа година ќе стави корнишони зошто така заслужувате) - Интелектуалност, добродушност, може да ви биде и сестра и девојка и мајка и стрина, ју нејм ши даз ит - Скромност (секоја година е задоволна со 69) И многу други. Името theowndemon ќе се излажете дека е демон пратена од ѓаволот, но не.. Theowndemon во превод својот демон, демонот што сите вие го поседувате кога не гласате за неа, тоа е значењето. Демонот што ве опседнал (чувај боже) па секоја година ставате превез на очите и не бирате со разумот, туку со срцето. Ве однело ли негле саглам срцето бре, во каков свет живееме, треба разумно да функционираме! Како и да е... доколку сакате да се смени кормилото на форумов и да уживате во наредните години во позабавни теми и избори треба да гласате за кандидат бр. 9 (и да прекинете да блокирате членови исто така, бидејќи сакате драма). Пријателот денес може да ви биде непријател утре, но демон ќе биде иста и денес и утре и задутре. Гласајте за theowndemon. Фала многу.