Таман си е математиката. Јас 2 гласа искористив. Ај нека дојде Фемина да каже официјално па да честитаме. Љубопитни сме за наградата.
Јасно ми е. Процент е ама ако гледаш индивидуално по членка (секоја може теоретски да оди до 100%) не над тоа, нели Од вкупен број на гласачи, пример, 85% дале глас за Селтика. Од вкупен број на гласачи, 20% дале глас за Камелија. Итн. Ако сите гласачи дале по 1 глас за Трпана, Трпана ќе има 100%. Да имаме по 1 глас, процентите ќе бидат рамноправно поделени на вкупно 100%. Ама пошто имаме по 3, а не сите гласаат за 3, затоа е вака.
И официјално имаме победничка... Форумџика на 2023 година е: Yowannty Од срце ѝ честитаме и ѝ подаруваме: Робот правосмукалка XIAOMI Mi Mop S10 Ви благодариме на сите кои се вклучивте во изборот. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Е @Yowannty љубоморен сум, посакувам робот правосмукалка со години . Честитки за победата! Па ако не ти се допадне наградата може слободно да ми ја продадеш или.. подариш.
Честитки Јованти! Можи беше најмирна година, ама и листата беше најдобра (на сите би ви дала барем по едно симболично поклонче). Си имав речено уште пред месеци дека годинава за Јованти ќе гласам иако баш сите ги почитувам и ми се драги, некако таа ми ја одбележа годината. Имаш се' шо доликува на титулата. Само тостер немаш. Честитки до сите кои се најдоа на листата, голем допринос за какво-таквото постоење на форумот, а ако сте такви и во реален живот тогаш блазе на тие кои се околу вас. 10 препаметни, фини, културни и хумористичи жени. Среќни празници на сите членови, догодина повесели и поживи.
Одлично. Без скандали годинава. Можеби ова за некого беа досадни избори, но добро е вака. Убава е драмата и да бидат посочувани најлошите работи за некого, се' додека тоа не сте вие лично, така? Епа, изгледа ги надраснавме тие работи. Или ги нема главните негативци, банирани се. Можеби фалеше повеќе хумор и шали, се научивме на мимс од претходни избори ама како што и животот не е секогаш забава и смеа, така и ова. Листава годинава навистина беше добра, без замерки тука. Можеби и затоа немаше пердашење. Честитки @Yowannty и среќни празници на сите.
Честитки, @Yowannty, со здравје да си ја користиш наградата.. Заслужено И Среќни празници на тебе и на сите членови на форумот
@Yowannty честитки .Продолжи и во иднина да бидеш ваква позитивна,љубовна,шеќерна Само таквите успеваат вистински да го осетат животот под прсти ..
Честитки @Yowannty Стана од Феминките шо се Џетсонс, а не Флинстонс на форумот - со робот слугинка. Долго да те служи!