Во меѓувреме да ве поздравам со нов музички талент, пријатно сум изненаден од текстот. Заслужува повеќе лајкови. И мислам има место во темава: @Bitter-Sweet
Мали, седи мирен Јас како тетка, барам само лута кисела пиперка во павлака. Кој и да победи, по едно канче да раздаде. Или ако лобирате по членови, место сендвичи, пиперка во павлака. Ете, скромна сум јас.
Не сум често на форумот, али номинираните од мене ги читам кога и да сум, и допринесуваат на убав начин, така да секако заслужуваат да се најдат на листата. Секако имам и други омилени членови, ама и тие се губат одвреме навреме, овие се активни низ повеќе форумски теми и секако сакам да читам нивните мислења. @Biljarkata @Ahoy @Angie1432
Темава не е ПОДфорумџика на годината, туку Форумџика. Никој не му е гајле шо ја номинирате братучетка ви, препичката од вашето друштво, таа шо највише имала време да пишува додека седи дома со децата, или па таа шо пишуела у едината тема у која пишуете и вие, и тоа како дома терала домаќинството. Али ок, форумов одамна е прогласен за умрено. Нејсе, едино @theowndemon шо се замара уопште да битисуе тука, и има уште неколку членови што се супер, небитно на годините, си знаат они по лајкоите кои се. Ајт.
Знаеш што, си реков пред некое време, да номинирам некои кои баш оставиле впечаток позитивен. Има такви, не дека не, овде не се ни спомнати истите. Потоа си реков, што воопшто се замарам, сепак е форум и ниту една од нив сигурно не се зачленила овде за награди.
Така е, тука има членки активни 5+ години. Јас пак сакам да номинирам зошто да не! Нека се израдува некоја дада, тетка, баба.
Номинациите се одвиваат непречено, во мирна и тивка атмосфера. Атмосферата: Навистина, како што пишаа поназад, нешто годинава не е како што било. Ни мене не ми се коментира додуша. Номинирав во порака кај Фемина па ќе видиме кога ќе ги објават 10те, тогаш ќе има паѓање на газ и коментари кој, зошто, како се нашол меѓу нив. Имам такви моменти, ништо посебно.
Аман со киселото, кисела пиперка во павлака, корнишони… кажете благо што ќе има . За другарка прашувам, иначе на диета сум . За мене само вода, ќе си земам сама, ок е
Нека не ве лажи тука, ич не е млад. Практично дедо е Ајрон. Инаку јас и да бидам во тие за кои се гласа, сама кампања не водам башка рано е, ама ќе ја водам кампањата на @Angie1432 оти сакам да е во тие топ10 избрани и сакам да кажам попатно, дека корнишони пијат мнооогу ракиичка. Така да кафана е скроз на масата. А мене мајка ме дала со sweet tooth можам и благо да прам за гласачите кои ќе ја поддржат Енџи. Ви благодариме. - штабот на Енџи.