Шо има везе домаќини со годините? Има домаќини и на 20, има недомаќини на 40. Па и ти млада си била уште, и ти не си околу 40 ка, а за домаќинка верувам дека си. Околу 40 ги сметам за тие од 38 негде, крцкалче си уште. А темата тогаш требала да се вика "Форумски домаќински муабети" пошо викаш све домаќини се таму собрани. Ми нема логика, затоа пишав, може не ја сфаќам фората.
Годинити немаат врска со темата. Во таа тема пишуваат и помлади, со деца и без. Има некој вајб темата. Премногу ја хејтате. Трн во око ви е. Знаете вие се за темата оти сите ја читате, ама се правете како од Марс да сте паднале.
Насловот нема смисла бидејќи пишуваат и помлади. За читањето, па... Спојлер Мора да дознаеме што прави „непријателот“.
Па темата првично си беше за дружба за тие околу 40, но ако некој помлад си се пронаоѓа и сака да пишува, зошто да не? Тие од 30 години во Феминско младинско ќоше што ќе прават, ќе читаат муабети за тестови и испити?
@JuLleE Не зборам против пишувањето. Кој сака, нека си пишува. Насловот штрчи. Границите и во старата тема не се почитуваа, ама модераторката ги толерираше. Штом тоа се толерира, треба и насловот да одговара. Се лутат некои за тоа „тетки“, ама не можеме поинаку кога возраста во насловот одговара за називот.
Не сме ние владата, па да го смениме името оти на таму некој си не му одговарало. Абе тетки се и на 25. Дете од 5 години сигурно нема да им каже "дада", ама ајде, нека се тешат. Ние тетки си фаќаме работа со дечишта
Па изгледа и ние сме некој друг вид створења, пошто ем мажени, ем девојчиња се викаме Како може да ви смета сѐ толку? Оти не си најдете некое хоби?
И вие бе Нарцис, можда не ти, ама не се тригернувајте ако тие створењата девојчиња пишат во тема за ќотек врз дете или брачни неверства. За доење немам појма, али за дете знам оти не се тепа. И дека неверство у брак не е нормално.
Тие шо се тригернуваат, не се од 40-ка. Ние сме госпоѓи културни и одмерени Освен кога не сме де, ама тоа само во наш груг
Те сакам. Инаку @Ajronmen само да знајш кичмата МЕ БОЛИ не да почнува. Мачорот, 5кг, секоја вечер на кичма ми лежи и јас добра душа (не ме цитирајте да ме демантирате, остајте ме да се лажам и да бидам делулу) го оставам. Спојлер Исто така ме достигнаа годините.
Колку е жална темава, а и форумов. Настината сум и немам сила за ништо па реков ај да ѕирнам што има, знам дека е избор за форумџика ова време. Тапа.
Маќе анонимен форум е, не даваме лична карта на увид. Можат да стават рестрикции, ама можеме да се реинкарнираме како тетки или чичковци Темата си е оќе, иако долго не сум пишувала, нема потреба да и' менуваат име, на форумов дур чоек стигне да му се отвори скриено катче, веќе знае каде што какви муабети се тераат. И има место за сите кај ќе си се пронајдат