Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџика на годината 2024: ГЛАСАЊЕ (во тек)

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 16 декември 2024.

?

Која личност ја одбележа 2024 година? (може да гласате за 3)

Оваа анкета ќе биде затворена на 31 декември 2024 во 02:06.
  1. Angie1432

    51 глас(а)
    16,5%
  2. Biljarkata

    95 глас(а)
    30,7%
  3. Dust

    28 глас(а)
    9,1%
  4. eliesaab

    28 глас(а)
    9,1%
  5. JuLleE

    81 глас(а)
    26,2%
  6. MissChievous

    27 глас(а)
    8,7%
  7. NarCis@

    65 глас(а)
    21,0%
  8. Realist1

    29 глас(а)
    9,4%
  9. theowndemon

    186 глас(а)
    60,2%
  10. Yowannty

    87 глас(а)
    28,2%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Да има 500 мислења најмалку е критериум, другото си е во форумџиски раце.

    Која највеќе нè бендисува - таа.

    Имало години кога по 2-3 членки на листата не сум знаела ни кои се, ама ете некои ги знаеле - ги номинирале.

    Симпл.
     
    На M&M, Victorian, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.361
    Пол:
    Машки
    Уште одма првиот ден ко се отвори темава сите од 40ка почнаа да скокаат некој ако рече нешто лошо за само еден член од нивните. И после сите што викаа дека има кланови (а особено @nextredstyle) ги правеа будали и дека биле заостанати во минатото. Еве ја лично до лани како било појма немам, ама годинава и тоа како има поделба и победникот го бира само ЕДНА тема од вкупно 22.441 на форумов. Ништо немам против демонка, дури и јас би ја номинирал ако се номинираа повеќе од 3 члена (одбрав 3 други кои повеќе сум ги читал и се порелевантни за мене), ама и тоа каков факт е дека нејзе победата годинава и ја даде 40ка. Како што имаше некој претходно пишано: Доколку добиеш доверба кај пензионерите, си ги победил изборите, така овде, доколку пишуваш во 40ка и пробуваш да си со сите од нив фин, си форумџика на годината иако не си пишал во другиве 22.440 теми ниту еднаш во годината.
     
    На _Vera_, eliesaab, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.189
    Допаѓања:
    45.912
    Пол:
    Женски
    Ај ѕирни прво кај пишувала дотичната, после врати се да кажиш
     
    На flower30, M&M, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.016
    Минимално било 500 мислења да има номинираниот член, па нормално дека ќе ги има кога во темата си реплицираат постојано. Видете која тема е нај актвна. Имаме теми за рецепти, здравје, секс, ама таму се пишува за се. Таму нема оффтопици (ако целата тема е оффтопик)
    Форумов може исто да се пременува во Фемина 40+ :bug:
     
    На eliesaab, nextredstyle и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.361
    Пол:
    Машки
    За која дотична ми збориш?
     
  6. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    12.968
    Пол:
    Женски
    Ај сеа Дс и ти, а и сите други, не ја претерувајте. Дека е една од најактивните на форумов со години, и тоа бајаги години, е, највеќе теми од сите други има отворано девојката, и стварно ретко во која тема нема коментирано.
    Не знам како не си ја начекал, вајда оти пишува долги реферати, па не ви се читаат.
    Некои теми и се баш океј и одлични, некои според мене се глупост, ама секој со своето нели.
    Дека се труди, се труди доста, и креативна си е.
    Али дека постојат кланови, и те како, да не се правиме будали, нема смисла. Има разни кланови, членки и членови си се дружат и приватно, блиски си се, си се поддржуваат.
    И си стои и тоа дека скоро секоја година победува некоја која е активна во кланот 40 ка, кој е највлијателен.
     
    Последна измена: 25 декември 2024 во 17:41
    На sunshinebabe, Ahoy, Puellapulchra и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Демон колку теми своерачно има отворено, со сите салтанати, поставена тема убаво со цел дебата, мислење изнесено лично со свои гледишта и аргументи, вас што ве мрзи да читате или само една тема читате па може да ви е непознато истово. Не верувам дека има подфорум во кој не постојат бројни нејзини теми.

    И да, самите теми како бројка не значат ништо, квалитетот на истите е значаен. Читнете во нејзините, ако не ви се замара до толку со "реферати".

    Еве да сакам некој да номинирам од темите за облека, готвење, мајчинство, не би можела, не ни знам кои се таму најактивни, што мислења споделуваат итн. Во подфорумите каде што читам - таму си ги наоѓам номинираните ;)

    П.С. Демонка и Биљарка конкретно, со години се на листава, а двете буквално по цел форум ги има. Да не зборам дека Демонка ваљда последниве 6-7 месеци во 40ка пишува, годиниве наназад еве не знам кој ја номинираше и гласаше кога не пишуваше таму.
     
    На sunshinebabe, Ahoy, Emy867 и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    9.863
    Пол:
    Женски
    Абе се си во право, ама @theowndemon баш и не ти е репер за говоров предизборен што го одржа. Девојката е толку присутна во 22.400 теми по форумов, што дури едно 500 теми сама има отворено. Ама нема везе битно е да се руга само нели :) Ват евр, позади добар демон, прашина се дига ;)
    Иначе мој втор извор е @Dust
     
    На _Vera_, kuc, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.012
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да се затвори 40ка, за да може рајат да дишете. Како не ви се смачи секоја година истото па истото.

    Еднаш да оставевте некој да се израдува во победата без притоа да исправате криви Дрини.
     
    На sunshinebabe, Ahoy, forumce и 17 други им се допаѓа ова.
  10. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    3.361
    Пол:
    Машки
    Откачи ми се жено бре, ко пијајца закачена едвај чекаш да ме начекаш негде контра да ми ојш. Верува многу пати си имала исто мислење ко мене ама ко си прочитала дека ја така вика инстант си го сменила да има со кого да се контраш.
    Ти кажав, ништо против демонка и дека ако се номинираа по 5 души на пример, 100% ќе ми беше ви нив. И јас не реков дека таа не пишува, реков дека ако сакаш да победиш занемари го сите 22.440 и пишувај во 40ка и ете ти титула.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.012
    Пол:
    Женски
    А да, од една страна се кука више 5+ години за темата од 40ка, каде има еден куп жени што си нашле свое катче, си споделуваат секојдневие, искуства, совети (и тоа баш е пријатно да се прочита некогаш совет од човек со повеќе животно искуство), а од друга страна сите вие што кукате една тема немате отворено за да се мрдне форумот.

    Бујрум, отворете теми, направете паралелно катче на 40ка, пишувајте, па може ќе победите, пошто нели до тоа е.

    Ексик.
     
    На sunshinebabe, Ahoy, flower30 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.016
    Ќе почнете сега да се собирате како глувци на сирење. Бре мајката, чисто манипулаторско размислување да се затворела 40ка. Па нека се затвори, малку да бидат поактивни и другите теми (нели ако се залагате за напредок на форумов :smirk:)
    И пак ќе кажам немам ништо против девојката, туку против тоа што се понашате како дежурни полицајци. Една членка од 40ка да се закачи со друга членка, сите напаѓате. И кога ќе ви коментираат за тоа, зашто се вреѓате?
     
    На nextredstyle, Anyshka и DS10 им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Има, ама не пишуваат :) Постои младинско катче, само не се активни толку, не знам од која причина.
     
    На LejlaD, ALISA0000 и KateKane им се допаѓа ова.
  14. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    9.863
    Пол:
    Женски
    И јас ти кажав дека си у право, ама кај сила нема правдина, шта чеш, 40ка е водеча партија на форумов :) Ама па баш дека демонка ради тоа победува, ептен утка. Девојката го држи форумов, со години.
     
    На Mumoftwo30, LejlaD и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    24.913
    Е баш тука даваш одговор како се одвиваат работите. Тие кланови шо ги зборите се уствари луѓе што кликаат на разни основи и се во принцип истомисленици. Па така, логично е да има навидум поделби, а уствари се само интереси, вкус, менталитет и остали работи у прашање. За тебе се едни најрелевантни што најмногу си ги читал, за друг се други.
     
    На Mumoftwo30 и GirlRose им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.765
    Допаѓања:
    266.750
    Зошто инсинуираш работи кои не се вистина, а сите кои сме пишувале и кои моментално се активни во темата се наоѓаат прозвани, многу нормално.

    Сите имаат право да им се допаѓа тој што им се допаѓа, од свои лични субјективни причини, таман може да номинирам некоја што само во "што последно си купивте" постира слики.

    Јебига, ако некаде се пронашле Х број на луѓе, а ти не се пронаоѓаш, не е до луѓето.
     
    На azelea, M&M, Viveki и 3 други им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.090
    Допаѓања:
    26.923
    Баш ме занима која членка е воопшто активна на СИТЕ теми.
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    8.076
    Пол:
    Женски
    На Realist1, Mumoftwo30 и MissChievous им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    21.774
    Пол:
    Женски
    Ако не се истепате во секоја тема, не бива :rofl:
     
    На sunshinebabe, Ahoy, Realist1 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.177
    Допаѓања:
    169.582
    Ами години се поминати на форумов а и на темата 40ска нормално е да се браниме другаЧки сме
    Тебе шо толку ти боде очи 40ската?
    Како може нешто да ви смета а да го пратите?
    Штом ви смета не ја читајте ич едноставно е
     
    На sunshinebabe, azelea, kuc и 4 други им се допаѓа ова.