Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџика на годината 2024: ГЛАСАЊЕ (во тек)

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 16 декември 2024.

?

Која личност ја одбележа 2024 година? (може да гласате за 3)

Оваа анкета ќе биде затворена на 31 декември 2024 во 02:06.
  1. Angie1432

    53 глас(а)
    15,8%
  2. Biljarkata

    101 глас(а)
    30,1%
  3. Dust

    31 глас(а)
    9,3%
  4. eliesaab

    30 глас(а)
    9,0%
  5. JuLleE

    88 глас(а)
    26,3%
  6. MissChievous

    29 глас(а)
    8,7%
  7. NarCis@

    71 глас(а)
    21,2%
  8. Realist1

    30 глас(а)
    9,0%
  9. theowndemon

    195 глас(а)
    58,2%
  10. Yowannty

    97 глас(а)
    29,0%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.436
    Допаѓања:
    3.364
    Пол:
    Машки
    Сега ФМЌ ко ќе се активира, 40ка решпел ќе ја направиме
     
  2. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    Скроз се согласувам.
    Дури и трета смена ја заклучија или избришаа не знам што бидна, зошто било оф топик! Трета смена оф топик. Ок
    Не дека некој го користи четот, ама добро
     
    На Anyshka, eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.178
    Допаѓања:
    169.584
    Абеее
    И после толку години 40ската ви е трн у око
    Шо љубоморни створења брејјј
     
    На WORRIED.BT, fana и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    Аман, темата е секојдневни муабети. Ко што е мајчински муабети за мајки со мали деца. По сто луѓе пишат во темите (ваљда) за да споделат секојдневие. Не, не пишат сите нон стоп, не е хот лајн, ама на толку луѓе ќе се најде некој што ќе знае одговор. А не секого занима да ги следи сите можни теми и да дава совети.
    После толку совети во х теми, и пак истите и истите прашања, па и ти се здосадува. Некогаш просто ти се везе и плете. Ако некој праша во темата за плетење - кај има дежурна трафика, некој ќе каже. Ама сега не знам, треба да имаме тајно заседание :devil:, може ќе се договориме да не кажуваме веќе. Ќути си, плети си:bug:.
     
    На sunshinebabe, Ugly Duckling, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    Ама, ова е форум за дебатирање. Поентата му е да служи за дискусии во разни теми.
    Прашања од секојдневие може да се постават и на ФБ, во ЖДМ. :D
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    Епа ништо, по еден куршум за сите што не им се дискутира, нема лабаво:|
    Сребрен по можност:bandit:
     
    На Bezimenka90, crimson, M&M и 7 други им се допаѓа ова.
  7. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.163
    Допаѓања:
    180.561
    Пол:
    Женски
    Охооо, колку пати нѐ имаат бришено, префрлано дискусии, карано. Поздрав @RainBow :hai:

    Нема везе тоа Алисо. Еве ја не сум, па не се расправам со непознати на форум :D
     
    На M&M, Annath, Estranged и 5 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    Не мора толку екстремно. Волници и игли. :D
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.773
    Допаѓања:
    266.799
    Јас не викам дека не е така, туку дека голем дел од членовите активни во таа тема, исто како членовите активни во мајчинскиот подфорум каде што има и општи теми (мајчински муабети, пример), нема ни да се вклучат, ни да напишат мислење некаде да не се баш тие теми.

    Секако дека сопствениците на форумот одлучуваат дали тоа ќе се толерира или нема, само ти кажувам дека да не е 40ка оваква каква што е, и уште неколку теми да не се такви какви што се, голем дел од тие членови нема никаде да пишуваат, немаат желба за дебата никаде, сакаат некаде да си пишуваат што им дојде во секојдневието.
    Отвори форум и направи си правила какви сакаш.
    На ФБ не сум член во ниедна група како ЖДМ, ниту ќе бидам, ниту на социјални мрежи споделувам секојдневие.
    Форумот го обликуваат форумџиите кои пишуваат, нема со сила да ги натераш да одат да дебатираат по теми ако тоа и не го сакаат.
    Не "сме" клан, туку група на луѓе кои со години споделуваат секојдневие едни со други, а најголем дел не се ни знаеме кои сме надвор од форумот. И повеќето немаат 40 :D
     
    Последна измена: 25 декември 2024 во 23:57
    На M&M, Annath, flower30 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    Значи да не се другите членови што пишуваат по многу теми, форумов нема ни да постои :wasntme: или ќе постои, ама ќе има само две три теми и сите тука сѐ ќе си пишуваат.

    *Немам ништо против никоја од вас, да не се разбереме погрешно, кажав дека понекогаш и ве читам таму, интересни сте ми.
     
    На eliesaab и M&M им се допаѓа ова.
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.230
    Пол:
    Машки
    Јас немам ништо против темата, напротив сум читал и прочитал доста интересни работи и воопшто не ми смета да постојат такви теми.

    Меѓутоа, сум против селективно модерирање и за тоа не се криви тие шо пишуваат таму. Пак ќе кажам, имаше низа на такви теми за секојдневие кои беа избришани/заклучени или во кои се модерираше до ситница.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    Ама кои се другите членови што пишуваат по многу теми?
    Па сите на листава се такви, помалку или повеќе. :?:
    Затоа е небулоза, дека изборов бил под покровителство на мрачните сили на 40ка.
     
    На M&M, Annath, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.773
    Допаѓања:
    266.799
    Па тие што сакаат да дебатираат, ги има по другите теми. Дел од истите кои ги има и по другите теми, ги има и во 40ка.

    На избор на форумџика не се случило да победи некоја која САМО во 40ка ја има, а таму има жени што пишуваат од нејзиното прво отворање и се многу ценети од повеќето членки, па ете ниту една не била изгласана.

    Тоа ти кажува дека изборот паѓа секогаш на членки кои ги има на повеќе места, некоја повеќе ќе ја има во младински дел, некоја во филозофски дел, некоја во мајчински, мода итн.

    Не може сите сè да нè интересира, не е реално.

    Едно е реално низ овие години колку што пратам, а тоа е дека форумџика не се случило да е одбрана која пишува во само една тема. Колку и да е "јак" кланот, нема 250 активни членови таму за да гласаат само за еден некој што само таму пишува :)
     
    На simonka93, Bezimenka90, sunshinebabe и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.831
    Пол:
    Женски
    Не знам кои биле тие теми шо ги затвориле, јас од форумов паузирав неколку месеци. Ама претпоставувам дека биле заклучени затоа што веќе ете има такви. 40-ка, фмќ, па и мајчински.
    Плус има една за тие шо се у Германија и таа ете е сведена повеќе на секојдневие од тамошните ситуации, совети и слично.

    Нема поента да ги има повеќе. Овие се и повеќе од доволно. Зошто да се дозволи низа слични вакви теми кога веќе ги има? Значи буквално и за помладите и за постарите и за мајките.

    Треба да се отвараат покомплицирани тематики, не да бараме да не се затвараат теми кои се реплика на останатите.
     
    На M&M, Mumoftwo30 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.163
    Допаѓања:
    180.561
    Пол:
    Женски
    Јас само сакам ако стигнам до 69, да не гласа никој за мене веќе. @theowndemon не ти се исполни таа желба претходните години, ако веруваш и јас се нервирав кога ќе видев 70 кај тебе.
     
    На M&M, Annath, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.592
    Допаѓања:
    39.618
    Пол:
    Женски
    Значи @theowndemon уште од под креветот не ми излегла, до толку што е редовна во многу теми, а и еден куп има отворено. Вие овде јадете слатки и се лајкнувате два три души што се ви смета и најдете маани да наоѓате за девојчето. Е сеа за инат ќе ја гласам само неа. Не сум гласала од времето кога Бубче победи. На ви сега
     
    На Bezimenka90, sunshinebabe, fana и 8 други им се допаѓа ова.
  17. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.801
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    Јас пишувам конкретно за 40ка како тема.
    За изборов нема врска каде пишувала членката. Прв пат оваа година номинирав, уште пред да се отвори темата, знаев дека ќе ја номинирам Демонка. Предходно само сум гласала за тие што највеќе сум ги читала низ темите.
     
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.548
    Пол:
    Женски
    Шала на страна, ако некој пишува насекаде и тоа највеќе е @theowndemon и @Biljarkata .
    Барем јас така имам забележано.
    Без разлика у чив клан се врзани и што секти водат.
    Вака да се боревте за државана што ни ја просераваат, ќе се вратев во МК.
     
    На Bezimenka90, dunika, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.490
    Допаѓања:
    165.902
    Пол:
    Женски
    Никој не ми дава 69 гласа, ни една година до сега. А, то е се шо сакам. ;(
     
    На JuLleE, Ahoy, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.773
    Допаѓања:
    266.799
    И јас ти одговарам за 40ка како тема. Лиана набројала уште неколку во кои ете не ни влегувам оти за мене не се релевантни (младинско ќоше (40ка, за млади), темата за иселеничките во Германија, мајчински муабети...) значи постојат теми од општ карактер, 40ка се вика темата, а е тема за "задомаќинети" луѓе, кои имаат од 20 до 50+ години.
    Колку ќе се пишува во сите овие зависи од членовите на форумот, еве може има некоја во мајчински пример што многу ја ценат форумџиките кои се дел од таа тема, ама ако не пишува никаде на друго место, големи се шансите да не ни знам дека таа членка постои, оти не сум мајка, нит ја читам темата, нит е релевантна за мене.

    А за некоја да ја изберат воопшто, не може да и' "успее" само ако ја има во една од овие теми и никаде на друго место, никаде нема доволно членови, бројчано, за да гласаат за таа некоја членка.

    И повторно, тие што сакаат да дебатираат на форум ќе дебатираат секако, тие што сакаат да си споделат секојдневие без посебно дебатирање имаат место за истото во неколку различни теми.

    Во кои ќе се пишува, зависи колку се релевантни за членството, а јас би рекла дека мајчински (цел подфорум) е најактивен и далеку поактивен од 40ка како тема.
     
    На Mumoftwo30, azelea, NarCis@ и 3 други им се допаѓа ова.