Тетка,баба,што и да е,право на глас си имам.Снашката @theowndemon ,@JuLIeE и уште една,па се бунеле или не То е То
Јас та шо сакав да ја номинирам ми забрани да ја номинирам. И са ми фали чоек, ама имам време дур ја заменам, иако за мене е незаменлива.
Какви женски има во 40-ка, а по години "тетки", да им позавиди човек. Друго шо сакав да кажам е дека имаме real life проблеми и овде може некоја зезанција да падне. Не ни е форумот сѐ во животот. @nextredstyle сериозно, тргни се малку од социјални мрежи, прошетај. Многу си опседната за работи шо не ни постојат. Викаш 40-ка, а прва пишуваш за некои тепачки, кланови или шо и да е. Тоа само во твојата глава постои.
Мене интересни ми се ваквите напади меѓу “кланови”, а уште поинтересно правдањето дека (не) постојат истите. Calm your tits, everyone. Воедно, зошто некоја членка не би сакала да е номинирана/гласана? Тоа никогаш не го сфатив…
Муабетот за кланови и други го имаат зборено. А, вие покажувате дека постојат. Инаку... Да знаете дека има членки кои ви пишуваат во темата и какви неубави работи пишуваат зад грб за вас (да, имате шпиуни), а вие мене ме таргетирате оти очигледно (барем е за паметните членки и членови) дека се заебавам. Инаку, фала. Си шетам јас баш со членки и членови од форумот. Ем паметни, ем фини.
Па не сме клан. Ние сме стара мафијашка банда со со "+/- 40-ка" тетоважа под левата града. Еве јас не се заебавам, најсериозна сум.
И? Животот продолжува. Еве денес сите ќе земеме боледување оти замисли некоја шпионира и зборела позади наш грб Очигледно нема попаметна работа во животот. Шпионира тема во која може да пишува
Ваууууу еј, некој шпионирал јавна тема, воедно и најчитаната на форумот? Ете нешто што не сме го знаеле до сеа. Абе ја утепа темава од прва страна, остави малце и за другите некст.
Ај и јас да напишам збор два. Годинава победникот треба да е една форумџика - гладијаторка, што е победник за мене и од субјективни и од објективни причини. Објективно е најразнолика, нема тема во која не пишала, нема мислење што го пишала туку така, туку се труди да објасни, да елаборира што мислела, се труди да отвори дискусија, нови теми отвора цело време, е сеа некад знае да отвори и теми како проклетства од храна и да ми овене душата, ама и се простува. Субјективно е човек што го обожавам, од кого научив доста годинава, ми претставуваше инспирација за 2024 токму со нејзиното гладијаторство, со пркосот кон некои работи и со тоа каков човек е in general. @theowndemon уште од сега ти посакувам да си победиш, а мислам дека цел форум сме како едно за нештово и тоа е тоа. На другите две им кажав дека ги номинирав, двете ги обожавам, ме инспирираат, ме смеат и ми се исклучително мили.
Јас ветувам дека од штаб ќе нудам храна како во темава, покрај корнишоните. Гледам лани Декември 2023 сум ја отворила. Изгледа предизборно имам чудни крејвингс хехе. Исто така не знам како да реагирам на комплименти, ама нормално дека ми значат. Спојлер Humble самодовербата шо смета дека сте 100% во право и во исто време смета дека нема врска шо зборате.
Какво дете, 30+ има девојката, за другите вика тетки. А не знам само што е толку па лошо да си тетка. Еве јас уште пред 10 години на малите дечиња околу мене им се обраќав со 'дојди кај тета'. Па ни умрев, ни предвреме остарев. Тетки та тетки...јака штикла.
Номинирав тројца, ќе откријам една од номинираните. Ја номинирав @eliesaab. Ја немам многу читано и сретнувано по темиве, ама кога ќе ја сретнам знам дека вреди да се прочита мислењето и дека секогаш point of view ни е ист. Се надевам дека ќе собереш доволно номинации па и дека ќе победиш! Другите двајца не ги откривам, ќе си го задржам правото на анонимност.