Феминче ако не е тајна колку години имаш?. Мислам негде имаш пишувано колку годишна си. Ама ако не си кажала до сега и си ја штитиш приватноста , батали Номинирав и јас. За двете сум сигурна дека ќе ми бидат на списокот. Јуле и Демон . Ама за третата не верувам баш. Ја номинирав оти многу си ја сакам
И после немало кланови. Не дај Боже некој да рече нешто за вас и сите 218 души се пуштате ко едвај да чекате. Полека, ич без гајле, пак ваша ќе победи само не се стресирајте.
Што толку ви сметаат 'тетките' од 40ка, стварно не знам. Најдобри совети даваат, а не се сите ни тетки ни 40 годишни
Ни е моја, ни е твоја, ни наша, ни ваша. Ќе си победи за неа, не за мене, за вас, за нас. Ова не е ни вемеро, ни сдс, па наши, ваши да употребуваме. Овде секој пишува сам што мисли/сака, не му кажувам ни јас, ни ти, ни никој.
Ај она "наши" ќе го разберам , ваљда мисли на нас од 40ка. А кои се "неговите/нивните " ?! Веројатно тие од форумските игри @DS10 Цаци ела ај да броиме у темана
Море од она наши и ваши преку се' веќе. Кај и да се свртиш, нашите, вашите. Од МаЌедоЊа поголем штаб ако има, не знам еве. Во секоја смисла.
Ајде одма идам, неќам теткиве да ме стават на црна листа дека сум им праел проблеми по теми па да не ми праат муабет, пу пу скраја да е, да се поместам од место.
Мене ми е многу смешно што секоја година има расправии за ова. Многу ми е смешно и што ви сметаат жените од 40+. Форумот е разонода и на сите кои им е разонода да пишуваат и тепаат муабети во темава, нека го прават тоа. Јас пишувам претежно во тема за бебиња и деца оти во таа доба сум. Некогаш знам да прокоментирам во други теми ама апсолутно повеќе не ми е интересно да седам активно на форумов како некогаш. Членките од таа тема верувам дека се осеќаат исто како мене и си седат само на теми кои им се интересни. @theowndemon активно ја гледам низ цел форум и ако некој заслужува да биде форумџика на годината тоа е таа. Ем не седам на форумов ем пак ја гледам, што значи дека е многу активна и разнолика во темите, а тоа е и поентата на изборов. Никогаш не ми било јасно препукување и бирање страни на форумов. Дискусија да, некогаш несогласување околу некое мислење, ама да се карам и нервирам ради лик на форум, богами нема. Јас одамна не сум гласала, нема ни годинава. Ама треба да победи лик кој придонесува за одржување на форумов.
И @Feminka22 и @An-na ќе одморат од темата, феминка малку (подолго) и од форумот. Ајде ве молам не ја терајте темата во такви расправии, стварно не мора секоја година истото да биде. Некогаш, ако немате нешто добро да кажете може и да премолчите.